Почетна / Здравје и исхрана / ЦРЕША КАКО ПРИРОДЕН ЛЕК

ЦРЕША КАКО ПРИРОДЕН ЛЕК

Пролетта е тука, што значи дека сега ќе можете да уживате во прекрасните цреши и нивните многубројни позитивни влијанија врз Вашето здравје.

Поред тоа што се убави и вкусни, црешите имаат извонредно позитивен ефект врз нашето здравје. Црешите преставуваат извор на енергија, природен лек за многубројни болести и незаменливи се во спречувањето на многубројни заболувања.

Црешите содржат витамини А, Б и Ц, а поред тоа и антиоксиданси како што се калиум, калциум, железо и минерали – а сето ова поволно делува на крвната слика. Доколку ги консумираме подолг временски период, крвната слика може во голема мерка да се подобри.

Дека станува збор за овошје кое е благотворно за здравјето зборуваат и податоци дека пред три илјади години црешите биле одгледувани на Далечниот исток, а од старите Египќани и Грци црешите ги проширеле Римјаните во целата Европа.

Црешите имаат антиинфективно делување, а како богата ризница на антиоксиданти го забавуваат стареењето. Црешата има позитивно делување во војната против болестите на срцето и карциномот.

Антиоксидативни делувања потекнуваат од флавоноидите – изокверцин и кварцин, кои се најсилни антиканцерогени материи. Освен тоа, елегинската киселина која во големите количини се наоѓа не само во црешите туку и во вишните, јагодите и малините, исто така преставува силен антиоксиданс кој го спречува оштетувањето на ДНК клетки, а со самото тоа ја намалува можноста од заболување од канцер. Црешите можат да се јадат во неограничени количини затоа што не го иритираат желудникот.

Сок од цреши е природен извор на мелатонин- хормон кој го контролира сонот и поспаноста, како и аминокиселина триптофан, која е исто така клучна за квалитетен сон.

 

Проверете и

8 работи за водата кои сигурно не ги знаевте

Во лажичка вода има толку молекули колку што има лажички вода во Атлантикот. Атлантскиот океан ...