Почетна / Рецепти / Цезар салата

Цезар салата

Салата со пилешко месо, едноставно и вкусно…

Состојки:

  • Зелена салата
  • 200 грама пилешко бело месо
  • 2 парчиња бајат бел леб
  • 2 чешниња лук
  • Половина лимон
  • Сол
  • Масло
  • Маслиново масло

Подготовка

Пилешкото бело месо исечете го на траки и испржете го на малку масло да порумени од двете страни. Ситно исечкајте го лукот, измешајте го со лебот кој е исечен на коцки и испржете го во тавчето каде што го пржевте месото. Измијте ја салатата, исцедете ја убаво, исечкајте ја на покрупни парчиња, потоа додадете сол, ставете малку маслиново масло и сок од половина лимон. Преку тоа ставете го пилешкото месо и лебот.

Совет

Зелената салата која нема да ја употребите веднаш исперете ја во студена вода и завиткајте ја во влажна кеса.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...