Почетна / Здравје и исхрана / Целер – непријател на целулитот

Целер – непријател на целулитот

Голема концентрација на витамин Б во целерот поттикнува размена на јаглените хидрати во телото, го зајакнува мозокот и нервниот систем и благотворно делува на кожата, косата, ноктите и очите.

Редовната употреба на целер во исхраната гарантира силен имунитет. Доколку долго време Ве мачи воспаление на грлото и кашлањето целер ќе го реши проблемот. Корен, стебло и листовите се користат во подготовка на народните рецепти кои дадоа одлични резултати кај проблеми предизвикани од реуматски заболувања, гихт, хроничен катар на белите дробови, грчеви во градниот кош, астма. Доволно е само неколку минути да џвакате свежи лисја од целер и ќе се решите од непријатниот здив.

Лековит сок – го регулира крвниот притисок бидејќи во свој состав содржи активни супстанци кои ги опуштат мускулните артерии. Стручњаците истакнуваат дека целерот се покажал многу добар кај намалување на нивото на лошиот холестерол и шеќер во крвта. Консумирањето на сок од целер во времетраење од осум недели ќе ја прочисти крвните садови од маснотиите ( триглицериди и холестерол ) и ќе го подобри исфрлување на жолчната киселина. Кажуваат дека овој потполно природен сок помага кај менструални тегоби, а во некои случаеви го регулира циклусот.

Антисептик од природата – носи епитет на природен уринарен антисептик, а чај од свеж целер се користи за тегоби при воспаление на бешиката и болест на бубрезите. Спречува сметњи во варењето, подобрува апетит, го зајакнува желудникот, го регулира варењето и се користи како диуретик. Поради висока концентрација на етерските масла и терпен, целер делува антибактериски и антимикотички во слузокожата на цревата и мочните патишта. Ја подобрува циркулацијата на крвта

Сјајна кожа, коса, нокти – целер има мала енергетска вредност, па е добар за диетална исхрана, но затоа е богат со минерали, витамини и други корисни состојки. Се препорачува на сите кои константно водат војна со килограми и целулит. Поради големо количество на витамин Б во свој состав, поттикнува размена на јаглените хидрати во телото, го зајакнува мозокот и нервниот систем и благотворно делува на кожа, коса, нокти и очи. Целер или сок од целер делуваат лековито и како облоги или премачкување на заболените места за различни кожни заболувања.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...