Почетна / Совети за здравје / Трудници, ако не сакате царски рез, вежбајте!

Трудници, ако не сакате царски рез, вежбајте!

Заблуда е дека во текот на бременоста вежбањето е забрането. Доколку трудницата е здрава, односно нема компликации во текот на бременоста лекарите дури и препорачуваат лесна физичка активност.

Во текот на бременоста доаѓа до различни промени кои претставуваат адаптирање на организмот кон “друга состојба”. Заблуда е дека во текот на бременоста вежбањето е забрането. Напротив, на трудниците им се препорачува движење и вежбање.

Малку побрзи прошетки до три пати неделно ќе го преполоват ризикот од тоа трудницата тешко да го роди детето, што е главна причина за итни операции во текот на пороѓајот.

Царскиот рез, како што научниците утврдија е поврзан со дебелината што се појавува кај детето, како и поголемата склоност на плодот кон инфекции, астма и дијабетес.

 

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...