Почетна / Рецепти / ТРОПСКА ОВОШНА САЛАТА

ТРОПСКА ОВОШНА САЛАТА

Тропска овошна салата е одлична освежителна посластица со банани, портокал и киви збогатена со мед и сок од лимон и украсена со шлаг. Ова салата брзо и едноставно се подготвува, а она што е најважно е дека е преполна со витамини.

Потребно Ви е: 2 банани, цеден сок од еден лимон, 2 лажици мед, 1 портокал и 2 киви, шлаг

Подготовка:

За да ја подготвите тропска овошна салата потребно е да ги исечете бананите, прелејте ги со исцедениот сок од лимон и се измешајте за да бананите не потемнат

Во исечканите банани дадете го излупениот и исечкан портокал и сечкан киви. Се лесно мешајте и додадете 2 лажици мед и повторно мешајте.

Изматете го шлагот и додадете шеќер доколку сакате. Подгответе ги садовите во кои ќе ја служите тропската салата. Во садовите прво ставете го сечканото овошје, а потоа украсувајте со шлаг.

Добар апетит!

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...