Почетна / Рецепти / Три рецепти со спанаќ

Три рецепти со спанаќ

Во 17. век, спанаќот е прогласен како лек за се! Денес знаеме дека тоа не е баш така, но сите следбеници на морнарот Попај уживаат во спанаќот.

Спанаќот во Европа го донесоа Арапите од Иран во 15.век. Два века подоцна, докторите го прогласиле спанаќот како лек за се, па така станува омилен меѓу луѓето.

Веќе сега можете да најдете свеж спанаќ на пазар. Кај нас спанаќот најчесто се подготвува во облик на манџа, а ние ќе Ви препорачаме рецепти кои не се толку познати кај нас.

Зелена тортиља со зелен бешамел

Состојки:  

  • 4 јајца
  • 500 грама спанаќ
  • 150 грама шунка сечена на коцки
  • 2 лажици маслиново масло
  • Малку млеко
  • Бешамел:
  • 500 грама спанаќ
  • 2 мали шолји млеко
  • Лажица путер
  • Сол, пипер, мускатно оревче
  • Нишесте

Подготовка: Сварете го спанаќот, исцедете го и пржете го на маслиновото масло. Додадете ја шунката. Изматете ги јајцата, додадете малку млеко, па со тоа прелијте го спанаќот и направете тортиља додавајќи уште една лажица маслиново масло.

Сега направете бешамел: спанакот и путерот малку испржете ги на тивок оган и додадете млеко. Кога сето тоа ќе се соедини, додадете ги сите зачини и оставете да ги да зовријат. Потоа турете онолку нишесте колку сакате да Ви биде густ бешамелот, се убаво изматете и ставете преку тортиљата.

Потребно време за подготовка: 20 минути

Полнети канелони со сос

Состојки:  

  • 2 лажици маслиново масло
  • Рендан пармезан
  • 2 лажици павлака за готвење
  • Јајце
  • 500 грама спанаќ
  • Сол, пипер
  • 300 грама мелено јунешко месо
  • 2 чешниња лук
  • 50 грама кромид
  • 200 грама канелони

Сос:    

  • Лажица маслиново масло
  • ½ лажици мајчина душичка
  • ½ лажици босилек
  • ½ лажица оригано
  • 3 лажици пире од домат
  • Едно чешне лук
  • 500 грама домати
  • 100 грама панцета
  • 50 грама кромид
  • Сол

Подготовка: На загреано масло испржете го кромидот исечен на коцки, додадете го сечканиот лук, месо, сол, пипер и пржете 20 минути со додавање на вода. На крај додадете варен,исцеден и исечкан спанаќ. Кога смесата ќе се олади, додадете јајце кое го имате изматено со павлака.

Сосот направете го така да што на маслото ќе испржете сечкан кромид со сланина. Додадете излупен и исечен домат, исечен лук, пире од домат, оригано, босилек, мајчина душичка, сол и пржете го сето тоа додавајќи вода на тивок оган 15 минути, додека не добиете полу течен сос.  Наполнете ги канелоните со овој сос. Дното на ватросталниот сад прелијте го со малку сос од домат, ставете ги полнетите канелони, прелијте ги со остатокот од сосот и наросете го сето ова со изрендан пармезан. Печете на 180 степени 40 минути.

Време на подготовка: 90 минути

Чорба од спанаќ

Состојки: 

  • 300 грама спанаќ
  • 4 јајца
  • Лажица брашно
  • Лажица црвена пипер
  • Овчко кисело млеко
  • Сол, масло

Подготовка:Обарете го спанаќот, исечете го и испржете го на малку масло. Додадете вода и варете 15 минути од моментот кога ќе зоврие. Додадете лажица масло измешана со брашно и црвена пипер, додадете сол по вкус. На крај, во чорбата спустете скршени не изматени јајца да се сварат. Се служи со кисело млеко или јогурт.

Време на подготовка: 35 минути

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...