Почетна / Фитнес и аеробик / Три најдобри вежби за истегнување

Три најдобри вежби за истегнување

Правете ги овие вежби секое утро и ќе бидете убаво расположени, ведри, спремни за работни обврски а пред се ќе бидете во топ форма и ќе изгледате совршено!

Затегнете се

Едната нога свиткајте ја во колено а другата испружете ја. Телото свиткувајте кон напред, кон испружената нога. Со рацете фатете ги стапалата. Со кратки и брзи движења спуштајте ја главата кон коленото на испружената нога. Кога ќе почувствувате дека глутеусот, односно мускулите на задникот Ви се затегнуваат, ќе знаете дека вежбата ја правите на вистински начин.

Обликувајте ги мускулите

Испружете ја едната нога во страна, а другата свиткајте ја кај коленото и полека свиткувајте се кон неа. Рацете испружете ги, дланките свртете ги кон горе. Полека поткревајте го трупот, па вратете се во првобитната положба. Вежбата повторете дваесет пати, па сменете ја страната.

Допрете ги прстите

Раширете ги нозете колку што можете. Со дланките фатете ги врвовите на ножните прсти. Спуштете го телото, така да Ви рацете и нозете бидат паралелни. Останете во таа положба десетина секунди, па потоа исправете се, вежбата повторете десет пати.

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...