Почетна / Совети за здравје / Трауми кои произлегуваат по преживување на природни непогоди

Трауми кои произлегуваат по преживување на природни непогоди

Природните непогоди, кои се случуваат поради низа на настани во природата( урагани, поплави, земјотреси, пожари), како и појавата на епидемии, војни,  како и инциденти предизвикани од човеков фактор често поради тоа што се сосема неочекувани може да предизвикаат промени во емоционалната состојба на човекот.

Дури и кога не постојат физички повреди, катастрофите може да имаат големи емоционални последици. Нормалните реакции можат да вклучуваат интензивни и непредвидливи чувства, потешкотии во концентрацијата и правењето на одлуки, промени во биоритамот (промени во начинот на исхрана- губење на апетитот, промена на навиките во спиењето (несоница, кошмари..)), оддалечување од другите, анксиозност, како и физички симптоми како вртоглавици, главоболки, болки во градите итн.
Истражувањата од областа на психологијата покажуваат дека со професионална помош овие трауми можат успешно да се надминат, но за таа цел потребно е превземање на соодветни мерки и активности.

post-traumatic-stress-disorder-6-638

Траумите претставуваат емоционален одговор на настаните од ваков тип. Траумата исто така не се однесува стриктно само на настанот туку таа претставува одговорот на истиот и симптомите кои настануваат како последица на настанот.
Искуството со природни непогоди може да биде прилично застрашувачко и да влијае трауматизирачки врз поголема група на лица погодени од настанот или серијата на настани предизвикувајќи низа на најразлични симптоми.
Како и многуте причинители, природните непогоди најчесто имаат ненадејни одговори како шок, одрекување, високи нивоа на анксиозност, депресија а во случаи и вина.

tornado

Што е ПТСП?

Посттрауматско стресно пореметување претставува анксиозно пореметување кое се појавува кај лицата кои преживеале некаква опасна околност. 

Стравот е нормална реакција која природно се појавува како одговор на телото при соочување со опасност или некоја застрашувачка ситуација. Овој страв предизвикува промени во телото кои ја припремаат личноста за соочување и одбрана од опасноста или незино избегнување.
При појава на ПТСП реакцијата е изменета или оштетена , лицата кои страдаат од пострауматско стресно пореметување чувствуваат напнатост и страв дури и кога веќе не се наоѓаат во опасност.

Лицата кои ќе доживеат загуба на некој близок или на нивните домови како резултат на загубата можат да се чувствуваат беспомошно. Доколку за настанот разговарааат со лица кои го доживеале истиот можат меѓусебно да си помогнат во пронаоѓањето на нова рамка за објаснување на настанот. Меѓусебно пружената помош може да ја редуцира безнадежноста која жртвите ја чувствуваат и да им помогне во процесот на оздравување.

images
Кои се симптомите на ПТСП?

Симптомите на ова пореметување се групираат во 3 групи

       1. Симптоми на повторно оживување на настанот:

  • Слики од минатото  (flashbacks)— повторно преживување на траумите пропратени низ низа на физички симптоми како брзо чукање на срцето и потење
  • Кошмари
  • Застрашувачки мисли

    2. Симптоми на избегнување :

  • Избегнување на локации, случки или предмети кои потсетувааат на трауматското искуство
  • Чувство на емоционална истрошеност
  • Депресија, загриженост, кривица
  • Губење на интерес за активности кои претходно биле предмет на интерес
  • Потешкотии при потсетување на настанот

      3. Симптоми на претерана возбуда :

  • Личноста брзо чувствува силен страв
  • Чувство на напнатост и чувство дека личноста се наоѓа на самиот ”раб”
  • Потешкотии со спиењето и/или напади на бес

Симптоми на претерана возбуденост се обично константни и не се менуваат само под влијание на сеќавањата на немилите настани. Личноста која доживува трауматско искуство може да се чувствува почесто под влијание на лутина и стрес затоа што овие симптоми го отежнуваат правењето на секојдневните задачи како спиење, јадење, концентрирање на секојдневните обврски и задачи.

dec

Дали и децата доживуваат исти емоции како и возрасните?

Децата и адолесцентите може да имаат драстични реакции на трауматските случувања , но затоа пак и нивните симптоми знаат да се разликуваат од симптомите кај возрасните.
Кај малите деца овие симптоми вклучуваат:

  • Мокрење во кревет
  • Заборавање како да одат и да зборуваат
  • Замислување на страшни случки додека си играат со другите деца
  • Невообичаена потреба постојано да бидат покрај своите родители или друга возрасна личностКај постарите деца и адолесцентите симптомите најчесто се исти како и кај возрасните – децата и адолесцентите може да се однесуваат непослушно, деструктивно и без искажување на почит.


Како се поставува дијагноза на ова пореметување?

Со цел поставување на дијагноза за посттрауматско пореметување потребно е консултирање на психолог или психијатар. Со цел поставување на дијагноза пациентот мора да има од наведените симптоми:

      • Најмалку еден симптом на враќање на слики од доживувањето
      • Најмалку три симптоми на избегнување
      • Најмалку два симптоми на претерана возбуденост
      • симптоми кои го отежнуваат секојдневниот живот, одењето на работта, на школо, избегнување на пријателите или извршување на важни задачи.

Не секое лице опфатено од соочување со трауматско искуство може да добие посттрауматско пореметување.
Факторите на ризик и факторите на отпорност играат голема улога при појавата или анулирањето на симптомите на ова пореметување.

Фактори на ризик за појава на ова пореметување се:

  • Преживување на опасно доживување или траума
  • Историја на ментална болест
  • Сведоштво на смрт или искуство кое повредило сакан и и блиски личности
  • преовладување на чувство на ужас, беспомошност или изразен страв
  • Слаба или непостоечка поддршка од околината или општеството по преживување на траумата
  • Соочување со додатен стрес по траума, по губиток на сакана личност, болка и повреди, губење на работното место или домот.

Фактори на отпорност кои можат да го намалат ризикот од ПТСП:

  • Обезбедување на поддршка од страна на семејството и пријателите
  • Пронаоѓање на група за поддршка по преживување на трауматско искуство
  • Помагање на другите за време и по самото трауматско искуство
  • Поседување на стратегии за справување со трауматичното доживување и учење на поуки од нив
  • Способност за ефективно делување и реагирање без оглед на стравот

Како се лекува ПТСП?

Главниот третман за лекување на лицата со ПТСП подразбира психотерапија (терапија со разговор) лекови и двата начини паралелно.

Лечење по појава на масовна траума

Понекогаш голем број на луѓе може да бидат погодени од исто доживување- настан. По трауматското доживувување поголем дел од лицата кои го доживеале искуството може да пројават симптоми на ПТСП. Тоа е нормален и очекуван одговор на организмот по доживување на голема траума.

Најголемиот број на лица кои ќе се пронајдат во ситуација на природна непогода или немил настан може да пронајдат помош преку поддршка која треба да вклучува:

  • Собирање на сигурно место
  • Медицинска помош на повредените
  • Обезбедување на храна и помош
  • Контактирање на блиските или пријателите
  • Стручна помош

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...