Почетна / Активен живот / Трансформирајте го вашето тело засекогаш!

Трансформирајте го вашето тело засекогаш!

Трансформирајте го вашето тело засекогаш!

1
Одлуката за конечно започнување на нова фитнес рутина е веројатно најтешка. Oдлучноста и упорноста се единствениот начин за постигнување на резултатите кои ги сакате.

-Поставете си цел и план

Една од најважните работи кои треба да ги направите е да си поставите цел која сакате да ја постигнете. Внимавајте целта да биде остварлива, мерлива и временски одредена.

-Ослободете се од непотребната храна

Невозможно е да бидете на диета ако вашиот фрижидер е полн со храна која е надвор од листата за вашата диета. Затоа ослободете се од сите оние производи кои ќе предизвикаат да качите килограми, наместо да ги намалите.
Откако ќе се ослободите од непотребните производи во фрижидерот, направете листа на сите оние здрави производи кои ви се потребни за вашата диета да биде исполнета во целост.
Но, доколку не се движите во вистинскиот правец и не ги правите потребните работи кои треба да ве носат до вашата цел, нема да ги добиете резултатите кои ги барате и тоа може да делува демотивационо. Дури и да ве натера да се откажете.
Сите знаеме дека исхраната игра голема улога во достигнување на било која цел, а особено во намалувањето на килограми/топење масти, кога има одредена рестрикција на (oмилени) видови на храна и константен калориски дефицит.

2

Пружете и го на вашата исхрана вниманието што го заслужува. Осигурајте се да си ја обезбедите вистинската количина на калории преку комбинација на протеини, масти и јаглехидрати. Исто така, во вашата исхрана внесете и влакна и микронутриенти.

4 3
-Протеините се создадени од амино киселини, кои се исто така наречени како градбени блокови на протеините. Постојат приближно 20 амино киселини, 9 од нив се сметаат за есенцијални затоа што телото не може самото да ги создаде и мора да бидат внесени преку исхраната.
Протеините се есенцијални за изградба на ново мускулно ткиво, како и за опоравување на оштетеното мускулно ткиво – кое се оштетува додека се вежба интензивно во теретаната. Квалитетни извори на протеини се:пилешки стек,мисиркино месо,риба,јајца.
-Постојат два вида на јагленохидрати: прости и сложени, и сите тие може да се користат во различен период за подобрување на вашиот тренинг и резултати.
Простите јагленохидрати кои обезбедуваат извор на инстант енергија се од мала хранлива корист. Чести примери се декстроза, малтодекстрин, спортски пијалаци, переци, бел леб и слатки бонбони.
Сложените јагленохидрати обезбедуваат многу побавно ослободување на енергија и тоа се должи на нивната големина и високата содржина на влакна. Чести примери вклучуваат овес, кафеав ориз, леб од цело зрно.
Мастите, кои се технички наречени липиди, е најгустиот енергетски извор од 3те макронутритиенти. Тие се компонирани од градбени блокови наречени масни киселини, кои спаѓаат во 3 главни категории:
• Заситени масти
• Полизаситени масти
• Мононезаситени масти
Квалитетни извори на масти се:

• Ленено семе
• Сончкогледови семки
• Маслиново масло

По интензивниот тренинг, вашите мускули се гладни за протеини и вашиот гликоген е истрошен. Можете да ги зголемите придобивките од вашиот тренинг преку хранење на вашите мускули со оние нешта кои им се потребни.

Совет за оние кои сакаат вистинска промена во својот физички изглед – не се двоумете, најмете си тренер.
Личниот тренер ќе ви го менува или модифицира планот кој ќе ви загарантира 100% успех само ако вие 100% се посветите.

По некое време самите ќе почувствувате промена, а тоа ќе ви даде мотивација да продолжите понатака.
Независно која е вашата цел, потребно е да вложите труд, да бидете дисциплинирани, упорни и истрајни.

На крај по напорното вежбање резервирајте си целосно опуштање во спа центар и уживајте.

Ако решивте засекогаш да го промените начинот на животните навики, истовремено со овие совети, најдобро е да користите и дополнителни ефикасни третмани со кои полесно ќе стигнете до посакуваната цел.
• Намалете ги килограмите и тврдоглавите телесни масти!
• Достигнете го телото што од секогаш го посакувате!

Дозволете Viola да се грижи за неговата внатрешна, надворешна убавина и здравје…
Изберете пакет и вашата трансформација може да започне веднаш!

5

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...