Почетна / Рецепти / Традиционални домашни рецепти: припрема на зелник!

Традиционални домашни рецепти: припрема на зелник!

Едно од потешките работи кои треба да се научат во кујната e месењето на тесто, односно традиционалните мазници и зелници. Искусните домаќинки ќе ви кажат дека за да се добие мек и вкусен зелник погоден во секоја мера потребна е и пракса.
Чекор по чекор ви го објаснуваме процесот на подготовка на зелник:

1. Отсејте 1кг брашно

2. Додајте две јајца

3. Додадете млака вода и убаво измесете  тесто

4. Добро измесеното тесто поделете го на 4 дела оформувајќи ги во тркалезна форма . Секое од формите се мачка со масло и се остава да искисне 2 часа под најлонска фолија.

5.Додека тестото стасува измешајте потпржена блитва или обарен спанаќ, урда или пак сирење.
Оваа содржина зависи од вашиот вкус

6. Врз маса со прекривка претходно попрскана со брашно се развлекуваат корите за пита прво со сукало а потоа и со раце во целата должина на масата додека тестото не биде доволно тенко што е провидно и не започнало да се кине.
Многу е важно кората да зпаочне да се развлекува од самата средина за да се добие максимално тенка кора.

7. Врз истегнатата кора се посипува малку масло и дел од содржината и таа се сучи во форма на витка и се поставува во тепсија. Кај мазниците кората се поставува во форма на полжавче во тркалезна тепсија а кај зелниците по правило во четвртаста претходно намрсена тепсија во паралелни витки.

8. Зелникот се мачка со зиматено јајце и кисела вода врз површината или само со малку масло и се печи во зегреана рерна додека не добие румена боја.

9. Се прекрива со крпа за да не се исуши откако ќе се изнесе надвор од рерната.
Се служи додека е топол со јогурт или ајвар од ВИПРО. 

hhhhhhhhhhhhhh

Проверете и

Овесна каша со банана и кикири- вкусен и здрав појадок за целото семејство

Размислувате ли каков оброк да подготвите за следното утро? Ви препорачуваме да подготвите овесна каша ...