Почетна / Рецепти / Тортилји со пилешко

Тортилји со пилешко

Брз и едноставен оброк кој се на се е спремен за само дваесет минути.

Состојки:

  • 4 кори за тортилји
  • 300 грама печени пилешки гради
  • зелена салата
  • пилешки сос
  • мајонез
  • 1 поголем домат

Подготовка:

Тортилјите загрејте ги во тава од едната  а потоа и од другата страна, па поставете една пред себе. На половина тортилја премачкајте малку од пилешкиот сос, ставете салата или 2 лисја марула. Врз салатата ставете го сечкано печеното пилешко месо, па прелијте со мајонез. Замотајте ја тортилјата во облик по ваша желба. На истиот начин направете ги и останатите тортилји. По желба можете дополнително да ги загреете во тава без додатоци.

Напомена

Тортилјите се одличен начин да ја искористите количината на храна која ви преостанала во фрижидерот, а се исто така и одлично решение за доручек на работа.
Пријатно јадење!

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...