Почетна / Рецепти / Торта од зеленчук и сирење

Торта од зеленчук и сирење

Оваа вкусна торта од зеленчук ќе го воодушеви секој вегетаријанец, но и сите љубители на сирење и зеленчук. Дозволени ви се комбинации и експерименти.

Црвена пиперка, домат, тиквички, ементалер сирење,… Мх, што и да посакате. Правите своја торта, а боите ги бирате сами. Послужете со зелена салата.

Состојки

                                                                                                              Тесто:

torta od povrća

 

  • 2 1/3 шолја брашно
  • 1/3 шолја маслиново масло
  • 2 лажици пармезан
  • 2/3 шолја вода
  • Малку сол

Фил:

  • 3 компири со средна големина, надолго насечкани во кругови
  • 2 тиквички, надолго насечкани
  • 3 помали домати, надолго насечкани
  • Маслиново масло за подготовка на доматите
  • 2 печени црвени пиперки, дробени
  • 200 гр ементалер сирење, насечено
  • 2 шолји спанаќ
  • малку мајчина душица
  • 6 до 8 лисја босилек
  • Сол и бибер
  • 1 белка од јајце
  • 1малку брашно

Прво припремете тесто. Во голем сад измешајте го брашното, солта, пармезанот, маслиновото масло и водата. Месете го тестото додека не стане меко и формирајте топки со средна големина. Замотајте го тестото во пластична фолија и оставете го да одстои 30 минути. Сега припремете го филот.

Во длабока тава или шерпа сварете ги тиквичките, и компирот додека омекнат, но не и премногу, зошто треба да бидат цврсти и да го задржат својот облик и да не се распаднат. Оставете ги на страна.

Загрејте 2 до 3 лажици масло во тава за пржење на повисока температура. Кога маслото ќе стане врело ставете прво неколку кришки домат да се печат. Печете ги додека не бидат готови и не добијат малку порумена боја од двете страни. Испечете го и преостанатиот домат и додајте уште мало ако е потребно. Исушете ги на кујнска хартија за да се исцеди маслото. Оставете ги на страна. Рерната загрејте ја на 200C.

Составете ја тортата:

Набрашнете ја масата. Поделете го тестото на 1/3 и 2/3 оддвоено, за врвот и дното на тортата. Тестото за дното исучете го во дебелина од 1,5 см дебелина. Тестото ставете го во калап за торта со пречник од 22 см, но така што ќе го покриете дното и рабовите, тестото може да излезе од рабовите во должина од 2,5 см.

 

Земете половина од компирите, доматите, црниот домат, тиквичките, пиперките и спанаќот и 100 гр ементалер сирење. Додајте и пола количина мајчина душица и босилек. Зачинете со сол и бибер по желба, па повторете го истото уште еднаш и со останатите состојки.

Растегнете го и остатокот од тестото (тоа што е една третина) на 1,5 см дебелина и ставете го на врвот на тортата. Пред тоа, оние остатоци од првото тесто кои висат над калапот ставете ги врз слоевите со зеленчук и сирење, па ставете го потоа останатото тесто. Со четка за колачи  премачкајте го тестото со белка. Избушете со чечкалица неколку пати на врвот од тортата за пареата да излезе во текот на печењето. Оваа торта се пече 50 минути, додека тестото порумени, а зеленчукот не стане мек. Сечете на парчиња и служете го додека е топло.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...