Почетна / Здравје и исхрана / Топлотен бран- како да се заштитите?

Топлотен бран- како да се заштитите?

Македонија во следните неколку дена ќе се соочи со топла воздушна маса од југ проследена со високи дневни тропски температури до 40 степени целзиусови и УВ индекс со вредност помеѓу 8 и 9.
Високите температури носат ризик за: лицата со висок крвен притисок и срцеви болести, повозрасните лица, трудниците и лицата со хронични болести. Овие лица воглавно претставуваат ризични категории на граѓани кои особено треба да обрнат внимание на условите во кои се движат работат и живеат.

Доколку не знаете како да се справите со високите летни температури кои се промнозираат деновиве, ние денес ќе ви предложиме неколку практични совети кои ќе ви помогнат полесно да се справите со ваквите услови и воедно да внимавате на своето здравје.

1. Бидете постојано хидрирани и со себе носете свежа вода каде и да одите!
Овој совет е можеби најпрактичниот кој ќе го добиете, затоа што водата е од основно значење за телото во ваквиот период. Водата го храни и регенерира вашето тело и го штити од дехидратација која е честа во ваквиот период од годината.
Наша препорака е пиењето на 1.5 литри – 2 литри вода минимум дневно затоа што водата е единственото нешто што ќе ве одржува свежи и енергични во текот на целиот ден. Доколку излегувате надвор  во текот на денот, гледајте тоа да биде во периоди кога сончевите зраци се послаби и секогаш во себе носете шишенце свежа ладна вода. Наша препорака за вода е Евина- природна минерална вода со одличен освежителен вкус и најпристапни цени за сечиј џеб.
Доколку работите во канцеларија секогаш при рака имајте ги апаратите за вода обезбедени со галони по 19 литри кои ќе ја задоволат жедта на секој вработен, додека пак во домот ги препорачуваме водите во пакување од 10 и 1.5 литри, а за во чанта совршени се практичните пакувања од 0.5 и 0.33 литри.

Тимови на Црвен Крст како делат Евина. Акција која ќе се спроведува во наредниот период низ Републиката

 

voda
Едукација на граѓаните за круцијалното значење на водата во летниот период од страна на тимовите од Црвен Крст

2. Просториите во кои работите и живеете често проветрувајте ги.
Во домот, секое утро отварајте ги прозорците, проветрувајте ги постелнините и перете ги мин. еднаш неделно. Користете климатизери на нормална температура која не би предизвикала шок на вашиот организам кога ќе излезете во надворешна средина. Проветрувањето и климатизирањето треба да бидат основен предуслов и во работно место во затворени простории.

3. Консумирајте повеќе овошје и зеленчук. Овошјето и зеленчукот се богати со хранливи материи, растителни влакна и вода кои ќе допринесат да се чувствувате лесно и одлично во текот на целиот ден.

4. Носете лесна облека, очила за сонце и шапки и заштитувајте  ја својата кожа со заштитна крема макар еднаш дневно.

5. Доколку немате неодложливи обврски не излегувајте непотребно надвор од вашиот дом во периодот од 12-17 часот.

6. Не се експонирајте на директна сончева светлина без соодветна зашита макар и на плажа, се со цел да ја заштитите вашата кожа но и добросостојба.

7. Температурните разлики му прават шокови на вашиот организам затоа пробувајте да не пиете премногу ладни пијалоци или премногу топла храна. Пијте и јадете умерено!

И повторно хидратирајте се со поголема количина на вода, а кога избирате која да ја пиете изберете ја најдобрата – ЕВИНА!

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...