Почетна / Здравје и исхрана / Топ пет совети како да го избегнете празничното прејадување

Топ пет совети како да го избегнете празничното прејадување

Се ближи Нова година и Божиќ, а со нив и завршување на постот и желбата да уживате во празничната трпеза. Како да го “излажите” мозокот и да не го зголемите вишок на килограми во текот на празниците? Тука ќе ви наброиме пет совети кои би ви помогнале во тоа.

Се во една чинија.

Ако сакате да пробате повеќе различни видови храна, ставете од се по малку во една чинија да имате прегледност на количината на храната која ќе ја изедете.

Одредете ја количината според величината на чинијата и никако не додавајте! Дајте и предност на салатата. Пред се изедете ја салатата, а потоа остатокот. Салатата ќе ви даде чуство на ситост, па апетиот ќе ви биде послаб. Јадете споро така што секој залак ќе го џвакате 32 пати. Така ќе го олесните варењето и “излажете” мозокот: пред се од моментот кога ќе почнете да јадете до моментот кога мозокот прима информација дека организмот е сит, потребно е 15 минути. Затоа златното правило гласи: јадете споро, изедете малку!

Само еден десерт

Изберете го десертот кој наповеќе го сакате, не мора да го пробате баш секој кој го направивте. Потрудете се десертот да го изедете барем три сати после ручекот, за желудникот да може да се “одмори”. Јогуртот ќе ја “спаси” работата. Ако сепак претерате, два-три дена после празникот земајте полесна храна: овошје, зеленчук, јогурт со ниски проценти на млечни масти. Нискоколароричните намирници брзо ќе го вратат метаболизмот во рамнотежа, па нема да се здебелите.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...