Почетна / Здравје и исхрана / Топ намирници за детоксификација и слабеење

Топ намирници за детоксификација и слабеење

Ананасот е одличен за системот за варење на храната. За чистење на телото свежите сезонски намирници се најдобри како што се лимон, ананас и грејпфрут, бидејќи тие ја поттинкуваат елиминацијата на токсините од телото. Овие 5 намирници се најдобри за губење на вишокот на килограми и чистење на телото:

Летните намирници се богати со диетални влакна, витнамини и минерали кои обезбедуваат висок и квалитетен облик на детоксификација.

Лимон – богат со витамин Ц, ја стимулира секрецијата на ензими и ја забрзува елиминацијата на отпадните материи. Пиењето чаша свежа лимонада наутро на празен стомак ќе ја неутрализира киселоста во организмот. Лимон може да го исчисти телото од отрови акумулирани во текот на годините, да ја врати виталноста и да го подигне нивото на енергија. Енергетска вредност на 100 грама е 26 kcal , сок од еден лимон исполнува половина од дневните потреби за витамин Ц, но тој треба да се пие свежо исцеден бидејќи оксидира брзо во воздухот.

Црвен Кромид – кромидот има висок процент на кверцетин, моќен антиоксидант и големо количество на лековити сулфурни соединенија. Тој исто така содржи антицијанин кој му дава црвена боја. Оваа храна е добар извор на растителни влакна, витамин Б6, фолна киселина и манган, и  исто така многу добар извор на витамин Ц.

Лути пиперки – содржат многу витамин Ц и витамин Б комплекс и бета каротен. Овој зачинет зеленчук придонесува за губење на тежината, чија заслуга е состојката капсацин. Лекарите откриле дека лутото го намалува гладот ​​и луѓето помалку јадат ако претхдно конзумирале луто.

Грејпфрут – грејпфрут е одличен извор на витамин Ц и добар извор на витамин А. Овие два витамини го стимулираат имунолошкиот систем и обезбедуваат антиоксидантна заштита. Исто така, грејпфрутот е добар извор на пантотенска киселина (витамин Б5), која игра клучна улога во производството на клеточна енергија. Не само што е богат со хранливи материи и одличен вкус, тој е сиромашен со калории: половина цитрон има само четириесет калории и е идеална храна за губење на тежината.

Ананас – Ананасот делува како природен диуретик, помагајќи за излачување на вишокот на течност, и на тој начин помага за детоксикација на телото и губење на тежината. Ананасот содржи бромелаин, кој се распаѓа хранливи материи во помали парчиња кои телото брзо ги користи како извор на енергија. Ананасот има големо влијание на вашето варење и пожелно е да се консумира за витка фигура.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...