Почетна / Здравје и исхрана / Тиквичките задолжително на трпеза!

Тиквичките задолжително на трпеза!

Балансираната исхрана не би требала да биде без тиквички затоа што овие зелени плодови го спречуваат собирањето на холестеролот во крвните садови и брз развој на срцевите заболувања, а штитат и од рак на дебелото црево, нагласуваат стручњаците.  

Вкусните тиквички потекнуваат од Американскиот континент, со долгунест облик како краставица, а на трпезата на Европејците се најдува неправедно дури со почетокот на 20. Век.

Во кулинарската смисла, тиквичката е зеленчук бидејќи најмногу се наоѓа ситно исечкана во солени јадења, пити или е исполнета со сос. Меѓутоа, ботаничарите ја гледаат како недозреано овошје.

Свежи тиквички ги има во текот на целото лето и во поголемиот дел на есента каде повеќе се консумира модриот патлиџан кој слично се подготвува. Иако се често на нашите трпези, нутритивната вредност на тиквичките не е доволно позната.  .

Ниско калорична, па токму поради тоа е одлична за одржување на телесната тежина. Тиквичка со средна големина има дури 25 калории. Богата е со фолати, калиум, манган, со витамин А и други корисни материи. Благодарение на бројните благотворни делувања на здравјето, балансираната исхрана не може да се замисли без тиквички.   .

Нутриционистите често истакнуваат дека секој вкусен залак, на не многу мрсено, печено или пржено јадење кое ги содржи тиквичките, го штити организмот од холестеролот, срцевите заболувања, па и од рак на дебелото црево.

При подготовка на јадењето, нагласуваат стручњаците, кората не би требало да ја фрлате, затоа што во неа се наоѓа високо вреден бетакаротен, органското единение познато по силното анти оксидативно делување. Антиоксидативните материи го чуваат организмот од штетното делување на слободните радикали.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...