Почетна / Совети за здравје / Тиква – кралица на есента
Извор: http://alizee.hu/

Тиква – кралица на есента

Поканете ја есента во својот дом и додека сте зафатени со припремата на зимниците испечете им на своите дечиња тиква и семки или пак направете некоја вкусна посластица.
Тиквата е богата со хранливи материи па затоа ја препорачуваме и на големи и на мали.

Извор: http://cookdiary.net/
Извор: http://cookdiary.net/

Тиквата е едногодишно растение кое потекнува од Централна Америка. Се одгледува на отворено под директна сончева топлина и светлина а оптималната температура за интензивен раст и развој е 25-30 степени целзиусови.
Разликуваме:

  • обична (Cucurbitaceae),
  • готварска (Cucurbita pepo var. cylindrica),
  • мускатна (Cucurbita moshata) и
  • печенка (Cucurbita maxima).

Тиквата се одгледува поради својот вкусен плод кој содржи сува материја (8-16%), а во својот состав содржи : шеќери  (3–8%), пектини (0,3–0,8%), азотни материи(0,3-1,2%), каротен (20%), до 90 % вода, 1,1 отсто белковини, 0,1 отсто масти и 5,5 проценти јагленохидрати.
Лесно се вари во желудникот, а има и ниски калориски вредности и затоа се препорачува кај дијабетичари и кај лица со зголемена телесна тежина кои се обидуваат да започнат да водат здрав начин на исхрана.
Начините за нејзина консумација се најразлични, се консумира варена, пржена или печена. Мускатната тиква се користи и како додаток во сокови и за детска храна често во форма на пасирано пире или сокчиња кои се многу вкусни. Семето на тиквата е богато со масла, па затоа се користи во индустријата за проиузводство на масла.
Семките од тиква се добри за подобрување на дигестијата и желудични проблеми како и за намалување на високиот крвен притисок.

Извор: files6.adme.ru
Извор: files6.adme.ru

Доколку се соочувате со некој од овие проблеми ви препорачуваме наутро на празен стомак да изедете грст семки од тиква печени без сол (солта е еден од виновниците за појавата на висопкиот крвен притисок и за ретензијата на вода) или пак да ги додадете во шоља со јогурт и да ви послужат како вкусен појадок.

Тиквата е одлична и за лекување и минимализирање на појавата на проширени вени, ставете исечоци од кората од тиквата врз местата со проширени вени и оставете ги да отстојат неколку часа, повторувањето на оваа постапка помага врз редуцирање на појавата на проширени вени.

http://ohmyveggies.com/
http://ohmyveggies.com/

Тиквата е добар чувар на здравјето, го подобрува расположението,а воедно го штити и вашето срце.
Кој е за парче?

Проверете и

10 неочекувани причини да пиете повеќе вода

Со празниците зад нас и здравите навики во нашите умови, многумина се уште тагуваат за ...