Почетна / Здравје и исхрана / Тиква – богатство од здрави и хранливи состојки

Тиква – богатство од здрави и хранливи состојки

Тиквата е многу лековита, па затоа се користи во народната медицина и козметиката, и низ историјата е позната како симбол за регенерација и долговечност.

Лековитиот дел од тиквата е жолто портокалов плод. Иако во сто грама плод има само 26 – 30 калории, во неа е концентрирано големо количество на минерали и витамини. Тука е калиумот кој е важен работата на срцето, фосфор и калциум кои заедно учествуваат во изградба на коските и забите, железо важно за крв и манган кои ја чува кожата и рскавицата. Тука се и витамините од Б групата, Б1, Б2 и Б6, кои се важни за енергија и нервите.

Меснатиот дел од плодот на тиквата изобилува со бета кротен и витамин Е – силни антиоксиданси, важни за превенција и борба против ракот. Благодарение на целулозата тиквата поседува и пургативно својство, односно способност за прочистување на организмот од отпадните материи. Тиквата е добар лаксатив кој ги лачи воспалителните процеси на цревата и го спречува ракот. Се препорачува и за лечење на акните. Богатството од природно избалансирани витамини и минерали во тиквата придонесува за зајакнување на отпорноста на телото и поголема ментална свежина и виталност.

Лековито дејство – во народната медицина тиквата се препорачува како диуретик, за исфрлување насобраната вода од организмот, посебно кај луѓето кои патат од реума, гихт, воспаление на бубрезите или бешиката. Се смета и како одлична диетална храна за дијабетичари и лица со прекумерна тежина. На сите се препорачува варена или печена тиква или свежо исцеден сок. Најновите испитување открија дека тиквата добро делува за лекување на псоријаза. Семките на тиква е исто така лековито и најчесто се препорачува како ефикасно средство против детските глисти. Можат да ги консумираат и деца од две – три години, бремени жени, доилки и постари лица, како и луѓе со болен џигер. Семките од тиква ги олеснуваат тегобите кај простата.

Маска за лице – пирето од тиква ставете на лице десетина минути. Ќе ги исчисти и намали порите, а кожата ќе ги впие витамините и минералите. Посебно е добра за кожа која е склона на создавање акни и митесери. Во последно време и индустриите за убавина, применуваат старите знаења, па се во производите за нега на проблематична кожа користат супстанци од тиквата.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...