Почетна / Здравје и исхрана / Тестенини во сос од зеленчук

Тестенини во сос од зеленчук

Дали сте пробале тестенини во зеленчук?
Денешниот рецепт ќе ви се допадне затоа што во својот состав има превкусни намирници и нема да ви предизвика тешкотии.

Потребни состојки за овој вкусен оброк се:
– моркови
– брокула
– златна мешавина (грашок, боранија и пченка)
– неутрална павлака
– лажица крем сирење
– сол и црн бибер
– шпагети (или по избор тортелини, талијатели, макарони, јуфки)

Се варат заедно во тенџере морковите и златната мешавина. Брокулата ја динстаме дополнително кратко во друг сад колку да омекне.
Ги вариме и процедуваме шпагетите.
Во сад со малку зејтин ја пропржуваме брокулата, додаваме зачини и ги додаваме морковите и златната мешавина. Врз состојките во тавата додаваме малку неутрална павлака и лажица крем сиење. Готвиме уште 2-3 минути додека се не се соедини. Во тавата ги додаваме тестенините и мешаме.

Послужуваме со декорација со свеж зеленчук.
Овој оброк е идеален оброк за недела- ден кога скаме да се опуштиме во домашна атмосфера.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...