Почетна / Рецепти / Тестенини со pelati и босилек

Тестенини со pelati и босилек

Во кујната експериментираме почесто а веруваме и вие.
Тајната на доматните сосеви на Италијанците се крие во користењето на pelati домати.


Pelati се лупени домати во крушковидна форма со најмал процент на вода во својата содржина што на сосот му дава добра ”месеста” конзистенција и секако одличен вкус.
За да подготвите вкусен деликатесен во воедно и едноставен рецепт потребни ви се само неколку состојки
(клучот на добриот вкус се pelati доматите).

Потребни состојки:

– Пакетче тестенини (ние избравме фусили)
– 1 пакување pellati
– маслиново масло
– лук
– свеж босилек
– рендан пармезан
– сол и црн бибер
– рендан пармезан

Подготовка:
1. Тестенините се варат во претходно зовриена вода со малку сол.
Откако ќе се сварат се цедат и им се додава лажица масло. Се мешаат убаво за да не се залепат.

2. На загреано тавче се става малку лук на маслиново масло нецела минута , се додаваат pelati- те од теглата. Се додаваат зачините. Откако ќе започне да се крчка, во сосот се додаваат фусилите, се додава босилекот.

3. Се послужуваат додека се топли и врз тестенините се додава рендан пармезан.

Доколку постите не треба да се откажувате од овој рецепт, секогаш постојат замени за подготовка.
*Наместо тестенини со јајце изберете тестенини без јајце на кои пишува дека се посни.
*Овој рецепт е превкусен и може да се изостави пармезанот.

На здравје!

*Pelati доматите на Vipro достапни се во сите поголеми маркети низ државата

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...