Почетна / Рецепти / Tестенини со ајвар по германски рецепт

Tестенини со ајвар по германски рецепт

Дали сте испробале тестенини со ајвар досега?
Ајварот или нашиот надалеку познат деликатес доби и своја интерпретација во рецепт од страна на познатиот меѓународен блог waltzingmatilde.
Можеби и во комбинација на сланина овој рецепт не звучи многу здраво но сепак можете да го реервирате во местото на специјалитети во кои повремено ќе уживате.

Испробајте го рецептот во прилог.

Потребни намирници:

Тегличка лут ајвар;
– маслинки;
– тестенини;
– сланина;
– моцарела;
– маслиново масло;
– ситно исецкани бадеми;
– пармезан
– лукче
– босилек

Тестенините се варат во претходно посолена врела вода.
Откако омекнат им се истура водата се ставаат под млаз ладна вода и повторно се цедат. Им се додава половина лажица маслиново масло.

За сосот се пропржуваат 2 ситно исецкани чениња лук, се додава сланината , маслинките, и ситно исецканите бадеми. Се додава ајварот се ззапржува со содржината брзо, се додава лажица маслиново масло , се додава моцарелата и тестенините . Се пробуричкува.
Се сервираат и се декорираат со неколку гранчиња босилек и пармезан по вкус.


Еве кој рецепт следно ќе го приготвиме со Tradition лутиот Ајвер на Vipro .
На здравје !

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...