Почетна / Здравје и исхрана / Темно чоколадо – умерени количини, вистинска благодет за дравјето!

Темно чоколадо – умерени количини, вистинска благодет за дравјето!

Доколку сакате да јадете темно чоколадо, сега можете да ја јадете без грижа на совест. Научниците докажале дека црното чоколадо го регулира крвниот притисок и дека е добро за срцето. Какао, едно од основните состојки на чоколадото содржи во себе антиоксиданси полифенол, катехин и епикатехин и мали количества на диетални влакна. Кога телото ќе ги апсорбира сите овие компоненти, тие спречуваат да дојде до воспаление на кардиоваскуларни ткива и на тој начин се намалува ризик од мозочен удар. Темно чоколадо има позитивни ефекти врз здравјето, доколку ја јадете умерено.

Незините здравствени придобивки се многубројни а ние Ви преставуваме следни:

Мозок

Темно чоколадо содржи антиоксиданси кои ја подобруваат циркулацијата на крвта во целото тело, вклучувајќи го и мозокот. На тој начин се подобрува помнењето и концентрацијата.

Срце  

Темно чоколадо може да помогне во регулација на крвниот притисок. Докажано е дека, со секојдневното консумирање на мали количества темно чоколадо може да се намали ризикот од настанување на срцев удар за 20%.

Расположение  

Темно чоколадо потикнува ослободување на хормонот на среќа и помага во превенција на ненадејни промени на однесување.

Слабеење  

Научниците откриле дека секојдневното консумирање на темното чоколадо може да помогне во одржувањето на здрава телесна тежина и да се потикне слабеење затоа што ќе се задоволи чувството на глад.

Проверете и

8 работи за водата кои сигурно не ги знаевте

Во лажичка вода има толку молекули колку што има лажички вода во Атлантикот. Атлантскиот океан ...