Почетна / Совети за здравје / Тегавец ″прва помош″ од природата

Тегавец ″прва помош″ од природата

За тегавецот сите знаеме, сите барем еднаш го беревме и го стававме на изгребените колена во детството. Неговите лековити својства се многу повеќе од тоа.     

Тегавецот е многу распространета билка, во нашите краишта има повеќе од 20 вида на тегавец, а расти готово секаде каде е погодна почвата. Разликуваме машки и женски тегавец, а женскиот тегавец е лековит. За лекување се користи во главно свеж или сув лист кој се бери додека билката цути, а коренот може да се вади во текот на цела година. Листот на тегавецот е богат со танини, пектини, витамин Ц, лимонска киселина, фитонциди …

Тегавецот е силно антибактериско средство. Ги спречува различни воспаленија на кожата и слузокожата, зголемува лачење во белите дробови, што го олеснува искашлувањето, поради што често може да се најде во составот на шурупот за искашлување. Поред тоа го намалува зачестеното мокрење и поволно делува на проблемите во органите за варење, пролив, грчеви, чирот на дванаестопалечното црево и желудникот.

Доколку имате гребнатине, убоди од инсекти или потекување на кожата тегавецот е прва помош за таквите проблеми. Едноставно земете ливче тегавец, малку протријте помеѓу прстите да се раздвижат соковите, ставете на болно место и добивте моментални мелем. Сокот од листот на тегавецот успешно ги отстранува акните и митесерите.

Направете шуруп од тегавец за чистење на крвта и зајакнување на имунитетот .

Се што треба да направите е да две полни лажици листови на тегавец сомелете во блендер со малку вода, додадете 300 грама шеќер, 250 грама мед и варете на тивок оган додека шеќерот не се стопи и шурупот не се згусни. Додека е жежок, шурупот прелејте го во стаклено шишенце. Чувајте го во фрижидер и пијте по една лажица пред секој појадок.

За искашлување, прелејте лажица лист од тегавец со малку жешка вода, оставете да поседи и пијте веднаш наутро, една шолја и уште две во текот на денот.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...