Почетна / Активен живот / Танцувај и уживај !

Танцувај и уживај !

Според тврдењето на стручните лица танецот е една од најздравите активности за мозокот. Танцувањето ја подобрува способноста за учење, паметење и креативност, и тоа кај луѓе од сите возрасти. Во текот на танцувањето, мозокот добива повеќе кислород, а тоа автоматски ја подобрува будноста и сите мозочни активности. Танецот бара координирани ритмични движења, а таа врста на напор ги активира и другите делови на мозокот. Сето тоа заедно доведува до тоа дека танцувањето ја подобрува способноста за учење, паметење и креативност.

Позитивните ефекти на танцувањето

Против стрес – танцувањето донесува физичко задоволство и добро е за справување со стресот, бидејќи пријатните ритмични движења поттикнуваат лачење на хормонот сератонин ( хормон на задоволство и креативност ) а по некое време лачи и хормон ендорфин, уште еден хормон на задоволството.

Совршено држење на телото – танцувањето ја подобрува координацијата на движењата, координацијата на работата на мускулите, како и опуштање на мускулите. Ги зајакнува лигаментите и тетивите, а зглобовите се повеќе подвижни. Секој инструктор по танцување ќе бара да обрнете внимание на правилното држење на телото, бидејќи во спротивно како последица се јавува оштетување на рбетот. Поради физичката активност се забрзува циркулацијата и зајакнува срцето.

За посилен имунитет – Во текот на танцувањето не е само мозокот снабден со кислород туку и другите делови на телото. Редовното танцување ќе го зајакни и имуниот систем, а со постепеното засилување на интензитетот на танцувањето ќе се постигни подобро согорување на мастите. И уште нешто, танцувањето ќе го одржува константниот број на митохондриите во клетките, што го зголемува вкупниот работен учинок во секоја клетка во телото, како и концентрацијата. Па затоа доколку сакате да се занимавате со некоја физичка активност која ќе Ви донеси максимален позитивен ефект, танцувањето е најдобар избор.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...