Почетна / Некатегоризирано / ТАЈНА НА ЈАПОНСКАТА ИСХРАНА!

ТАЈНА НА ЈАПОНСКАТА ИСХРАНА!

Жителите на Јапонија, според истражувањата имаат најниска стапка на срцев удар во светот.  Јапонците исто така имаат најнизок ниво на крвниот притисок и холестерол во крвта во споредба со жителите од западните земји.

Одговорот на загатката не се наоѓа во генетиката бидејќи Јапонците кои на пример се преселени во САД имаат поголема стапка на кардиоваскуларни заболувања отколку нивните сонародници во татковината. Поради тоа научниците кои биле во потрагата за образложение се свртија кон исхраната. Еден од најсилните предности во исхраната на Јапонците е консумацијата на риба. Риба во Јапонија се јаде и до осум пати неделно. Големата консумација се рефлектира со покачен ниво на омега 3 масни киселини во крвта на Јапонците.

Научно е докажано дека просечниот животен век во Јапонија е подолг отколку во западно ориентирани држави. Исто така  стапка на дебелеењето е најниска во светот.

Нутриционистите тврдат дека Јапонките просечно внесуваат 25% помалку калории дневно од Американките, што делумно може да се објасни за нивната долговечност и ниската стапка на дебелеење. Нутриционистите потврдуваат дека не е потребно да се практикува Јапонската кујна, туку да е потребно само да се јаде повеќе риба, зеленчук и овошје, да се сервираат помали порции, да се јаде умерено и полека и да се додаде во исхраната тофу и ориз.

Супериорноста на ваквиот начин на исхрана се објаснува со следното:

  • Јапонците јадат со очи. Магијата на јапонската кујна се наоѓа во уживањето на убаво сервираната храна, во храната се ужива полека и никогаш не се јаде повеќе од што е потребно.
  • Тајната е во големината на порцијата. Во Јапонија храната се сервира во посебни мали садови, наместо во големи садови. При тоа се консумираат мали количества на разновидни јадења.
  • Оризот е важна храна во јапонската исхрана. Просечен Јапонец консумира шест пати повеќе ориз од просечниот Американец. Малиот сад со ориз се сервира скоро со секое јадење, вклучувајќи и утринскиот појадок. Познато е дека оризот е намирница која обилува со сложени јаглени хидрати кои осигуруваат подолго чувство на ситост.
  • Сосема е вообичаено да во еден оброк се сервира дури пет различни видови на зеленчук и на никој во Јапонија не им е чудно ако за утрински појадок да се јаде супа од зеленчук или салата.
  • Иако Јапонците сочинуваат само 2% од светската популација, консумираат дури 10% риба која се изеде во светот. Соја исто така преставува важна намирница, а се консумира во различни облици и комбинации.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...