Почетна / Здравје и исхрана / Свежите плодови на пролетта во чинијата

Свежите плодови на пролетта во чинијата

Со рибата и интегралните житарки во месеците кои ни престојат треба да јадете што е можно повеќе салати и овошје. Пролета дојде а пазарите се преполни со свежото овошје и зеленчук. Еве неколку интересни идеи за да исхраната Ви стане разновидна

Зеленчук и салати

Нема подобар момент да од доаѓањето на пролетта се насочите кон зеленчукот. После зимските јадења, конзервирана и тешка храна, време е за природни и здрави калории. Во понуда се: зелената салата, спанаќ, ротквички, младиот кромид … Меѓутоа не заборавајте го зеленчукот кое е присутно во текот на целата година: морковот, празот, цвеклото, лукот. Во салатата можете да додадете малку сечкани ореви, бадеми и сусам.

Риба

Време е да се направи пауза од мрсните појадоци. Рибата најдобро се подготвувате на електрична скара, во тефлон, во рерна, но немојте да ја пржите. Изберете вид на риба која не е мрсна, а избегнувајте го крапот, сомот и скушата. Рибата обезбедува висококвалитетни протеини и содржи многу минерали и витамини. Белата риба содржи малку масти (помалку од еден процент), додека сината риба е помрсна и содржи од 10 до 25 проценти масти. Рибата е најважен извор на омега 3 масни киселини, кои позитивно влијаат на раст, развој, репродукција, срце и мозок.

Интегралните житарки

Белото брашно дава калории без нутриенти, па затоа додадете ги интегралните житарки во исхраната и производи од нив. Изберете интегрален леб и печиво, тестенини од интегралното брашно, интегрални снегулки. Интегралниот леб дава енергија, витамини Б комплекс, витаминот Е, влакна и различни минерали. Белиот ориз заменете го со интегрален ориз. Јаглените хидрати од интегралните житарки ќе обезбедат здрава и балансирана исхрана, а ќе бидете сити и здрави. Изобилството на витамините и минералите ја олеснуваат пробавата и го спречува дебелеењето.

Овошје

Овошјето во менито треба да биде секој ден, а овие денови почна сезоната на раното овошје: јаготките стигнуваат од пластениците, па се уште се скапи, но додека во пазарот не пристигнат евтини јаготки уживајте во цитрусите, јаболката, бананите, ананасот. Овошјето е најдобро да го јадете за ужина, а идеално е и да се консумира и на работа. Не ги заборавајте ни јатките: бадемите, лешниците, бразилскиот и индискиот орев. Тие се богати со здрави масти и калории, па со нив не треба да се претерува. Доколку имате соковник, направете свежо цеден сок.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...