Почетна / Здравје и исхрана / СВЕТСКИ 2*МИШЕЛИН МАЈСТОР ВО МАКЕДОНИЈА. Џанфранко Киарини со светски гастрономски перформанс во Скопје

СВЕТСКИ 2*МИШЕЛИН МАЈСТОР ВО МАКЕДОНИЈА. Џанфранко Киарини со светски гастрономски перформанс во Скопје

Скопје, 03.10.2016–Извонредниот светски 2* Мишелин готвач, Џанфранко Киарини, со својот тим, ќе приреди фантастичен гастрономски перформанс и доживување за македонските граѓани.

Прв пат во Македонија, на специјален настан, Киарини, кој готвел во ресторани со 3* Мишелин, ќе создава извонредни готвачки специјалитети со прекрасен дизајн и комбинација со соодветни вина. Неверојатно вкусно подготвената храна, според највисоките Мишелин стандарди и совршеното целокупно доживување, го овозможуваат Слоу Фуд Македонија, ресторанот Хантерс Лоџ Камник, Винаријата Камник како генерални спонзории несебичната поддршка од Миеле Македонија, хотел Гарден Охрид,  хотел Радика и Горска вода.

slajder-2

Сите љубители на извонредната храна, на 12 и 14 октомври 2016, лично ќе може да присуствуваат на готвачките перформанси на Киарини во Скопје. Тој ќе подготвува мени од 5јадења, по Мишелин стандардите, а истите ќе се подготвуваат и спаруваат со соодветни Камник вина. Овие екстравагантни гастрономски настани ќе се случуваат во еден од најреномирани ресторан  во нашата земја, Хантерс Лоџ Камник, со почеток во 20 часот, а бројот на  места е ограничен на само 80 лица по вечер.

На 7 октомври Киарини ќе одржи специјален семинар наменeт само за професионални готвачи. Овој семинар ќе се одвива воВинскиот клуб Камник со почеток во 10.00 часот. За присуство на сите овие настани, потребно е заинтересираните гости да обезбедат билет, со што се добива и резервација на место. Билетите ќе бидат достапни во продажба од 3ти октомври 2016 (денеска) во ресторанот Хантерс Лоџ Камник.

 

Во светски рамки, гастрономијата достигнува ниво на транформација, преминувајќи во применета уметност во поглед на процесот на подготовка на храната и комбинирање на состојките и во поглед на надворешниот дизајн на порциите и нивно внимателно комбинирање со соодветни вина. Ваквото целосно соединување на приготвување на храната со уметноста овозможува нови возбудливи и бесконечни истражувања во деликатната сфера на создавање на вкусовите и во сферата на визуелната уметност која, сама по себе, ја претставува суштината на делото.

 

Резервации и билети:

Ресторан Хантерс Лоџ Камник,

контакт: 02 252 3522;

info@kamnik.com.mk

 

Џанфранко Киарини – патување до ѕвездени височини

 

Денес e еден од најпознатите светски готвачи, роден во 1966 во Ферара, Италија. Има италијанско-колумбиско потекло и доаѓа од  мултикултурно милје со основи во Италија, Венецуела и Соединетите Американски Држави. Своето гастрономско образование Киарини го стекнува на Институто де Алта Гастрономиа де Каракас (Instituto de Alta Gastronomia de Caracas) во Венецуела, потоа во САД на Питсбург Кулинари Институт (Pittsburgh Culinary Institute), како и во Франција, на најголемата образовна институтуција за угостителство во светот, суперпрестижниот Ле Кордон Блу (Le Cordon Bleu). Во текот на својата живописна и многу богата кариера, Киарини работи и е обучуван според високи барања и стандарди на Мишелин и соработува со познати Мишелин ресторани (како што е познатиот ресторан  со три Мишелин ѕвезди во Рим –La Pergоlа). Тој, исто така, соработува и со делукс хотели од највисок ранг, навлегува и во полето на готвачкото истражување и развој, работи како консултант на некои од најголемите светски брендови во прехрамбената индустрија. Киарини ја има најголемата мрежа на готвачи, 30.000+ членови во неговата приватна мрежа и 500.000+ фанови и следбеници на Фејсбук.

 

Светот во кујната на Џанфранко Киарини

 

Џанфранко Киарини својата мајсторска  работа на врвен готвач успеал да ја сподели со целиот свет, а дел од неговите ангажмани вклучувале и подготовка на менија и храна за највисоки авторитет во разни сфери. Во Европа работел во Италија, Франција, Шпанија, Германија, Обединетото Кралство а тука сеАвстралија, Нов Зеланд и Океанија. Неминовно е да се спомене дека Киарини има големо искуство и во Азија и земјите како Кина, Кореа, Камбоџа, Виетнам, Тајланд, Малезија, Сингапур, Филипини и други.

Во 2000та, Киарини наоѓа нови креативни и готвачки предизвици на Средниот Исток каде соработува како консултант со екстравагантните Ал Бустан Палас (Al Bustan Palace) иШангри-Лахотелите (Shangri-la Hotels) во Оман; во Бахреин ги развива готвачките концепти за Мовенпик (Мövenpick) и Mериот (Мarriott) хотелите и со многу други високо-луксузни брендови. Во Кувајт, Киарини подготвувал вечери за Неговото Височество Шеикот Џабар Ал-Ахмад Ал Џабар Ал-Сабах и неговото семејство.

Во Африка работел восинџирот на Старвуд хотелите (StarwoodHotels),како и во Шератон Лакшри Колекшн(Sheraton Addis, A Luxury Collection Hotel) во Адис Абеба во Етиопија. Во текот на својата кариера, Киарини имал можност да подготвува храна за поранешниот претседател на САД – Џими Картер, за поранешниот  израелскиот претседател – Шимон Перес, за претседателите на Афричката Унија, како и за поранешниот египетски претседател – Хосни Мубарак, за членовите на англиското кралско семејство, за турскиот претстедател Абдулах  Ѓул, за Шеикот на Катар Шеик Хамад бин Калифа Ал Тхани и други светски значајни личности.

 

Скапоценостите на Киарини во готвачката историја на Италија

 

Своето искуство и знаење Киарини го срочува во луксузната готвачка трилогија „Новата ренесанса на италијанската комбинирана кујна“ (The New Renaissance of Italian Fusion Cuisine), а својата прва книга за готвење од оваа трилогија „Смарагдната книга“ ја издава во 2010. Овие скапоцени готвачки книги се високорангирани меѓу најпознатите авторитети во светски рамки и доволно интересни заКиарини да биде поканет на интервју од страна на CNN. За втората книга од оваа трилогија „Бисер“  ја има честа книгата, лично, да ја потпише и благослови Мајсторот на сите мајсори, легендарниот Пол Бокуз (Paul Bocuse). Третата книга е именувана како „Рубин“. Потоа, „Ферара скриениот готвачки скапоцен камен“е уште една книга на Киарини која би морала да биде спомената како дел од неговиот опус. Куриозитет е да се спомене и дека своите уметнички и творечки афинитети Киараини ги канализирал и преку музиката. Пред да се посвети на гастрономијата и уметноста на подготвување извонредна храна, имал свој рок бенд со кој настапувал на реномирани настани.

slajder-1

 

МрежатаСлоуФудМакедонија  – е координаторнапроектотАлијансанаготвачи, кој вклучува повеќе готвачи од Македонија. Проектот на интернационално ниво обединува готвачи од ресторани, остерии и бистро во поддршка на президиумите наСлоуФуд и малите локални производители, кои се чувари на биодиверзитетот на храна. Целта на Алијансата е преку различни форми на обуки и споделување на искуства со готвачи од други земји, да се придонесе во заштитата на македонските локални производи и да се промовира гастрономската култура во Македонија.

 

Ресторан Хантерс Лоџ Камник – еден од најреномираните ресторани во земјата и регионот,овозможува локација и потребни услови за подготовка и одржување на овие гастрономски перформанси  во Скопје, како за и одржување на семинарот наменет за готвачи а кој ќе го одржи Џанфранко Киарини.

 

Винарија Камник  – овозможува подготовка и спарување  на специјалитетите на Џанфранко Киарини со соодветни Камник вина.

 

Миеле (Мiele)светски познатиот германски брендза производсво на кујни и кујнска опрема, неодамна ја лансираше својата нова програма Миеле а ла карт (Miele a la carte),направена во соработка со светски познати готвачи со цел да овозможи врвно готвачко искуство за корисниците. Џанфранко Киарини, како ѕвезда меѓу готвачите, е еден од промоторите на брендот Миеле низ светот. Тој, со своите готвачки способности, ќе овозможи беспрекорно уживање во храната во Скопје, приготвена на Миеле кујнските апарати доведени до ниво совршенство.

 

Хотел Гарден, Охрид –  во чиј склоп  функционира и високолуксузен ресторан со атрактивна тераса. Како дел од традиционалното мени во Охрид, а по повод гостувањето на светскипознатиот готвач  Џанфрако Киарин во Охрид, тој заедно со готвачот Арнаудовски од Хотел Гарден, ќе подготвуваат  јагула на различни начини.

 

Хотел Радика, Маврово –  во чиј склоп  функционира и високолуксузен ресторан со атрактивна  кујна.

 

Горска вода – водена од мотото „Taјната на изворот“ е најпрепознатливот бренд на вода во нашата земја, која ја произведува според највисоките стандарди за квалитет, грижејќи се за здравјето на потрошувачите и животната средина. Горска вода е поддржувач на голем број инцијативи и настани преку кои секојдневно се подобрува благосостојбата на заедницата и квалитетот на живот  во Македонија.

 

 

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...