Почетна / Здравје и исхрана / Сува слива – енергетска инјекција!

Сува слива – енергетска инјекција!

Било да јадете свежа или сува слива, ќе почувствувате прекрасна сласт на меснатиот плод во вашата уста, поради совршениот склад на пет различни врсти на шеќери и овошни киселини. Но се уште малку се знај какви бенефити на организам ова овошје дава.

Чувар на коските

Десет суви сливи дневно го спречува намалување на коштаното ткиво предизвикано со опаѓање на нивото на естроген. Доколку редовно во менито имате умерени количества на суви сливи, на организмот ќе му обезбедите доволно борон ( минерал кој олеснува апсорпција на калциум )

Силен антиоксиданс

Сувите сливи содржат материи кои ги уништуваат слободните радикали во крвта. Колку помалку има слободни радикали, тоа е подобро за Вас и за Вашиот организам. Затоа јадете суви сливи и уживајте во нивниот преубав вкус.

Регулира нивото на холестерол

Диеталните влакна на сливата помагаат при намалувањето на холестерол во крвта па со самото тоа, се заштитува срцето од кардиоваскуларни заболувања. Содржи сорбитол – алкохолен шеќер кој се користи како замена за шеќер кај диеталните производи.

Одличен диуретик

Во народната медицина се користи и во свеж и во сушен облик, а отсекогаш се користи сливата против хроничен запек. Сувата слива го регулира варењето, чисти организам од токсини, ја поттикнува работата на џигерот и бубрезите. Благодарение на големото количество на калиум и на малото количество на натриум, го подобрува мокрењето. Помага кај тегобите предизвикани од гихт и реуматизам.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...