Почетна / Здравје и исхрана / Сусам – семе и масло кои се извор на здравјето

Сусам – семе и масло кои се извор на здравјето

Семето сусам содржи најголема концентрација на фитостерол, состојка која по својата хемиска структура е слична на холестеролот, поради што има моќ да го редуцира нивото на холестеролот во крвта.        

Омилената намирница на ориенталните и северноафричките народи сусам (Sesamum indicum) одамна се преселил и кај нас. Пости жолт и црн сусам кој се користи на многубројни начини. Кај многу традиционални јадења, кекси, десерти, намази, леб и печива, сусамот преставува еден од најважните состојки. И двата вида на сусам се користат за да се збогати вкусот и лековитоста, а за нивното лековито делување против ќелавост, првут, забоболка, ишијас, проблеми во доењето знаеле и старите Египќани, Асирци, Вавилонци, Индуси и Кинези.

Сусамот е едногодишна билка со плодови во облик на мешунка и која содржи големо количество на семки, а тоа содржи помеѓу 45 и 60 % квалитетно масло кое се користи за готвење, салати и производство на маргарин. Семката сусам содржи и најголема концентрација на фитостерол, состојката која по хемиската структура наликува на холестерол. Фитостеролите имаат моќ, доколку се присутни во потребното количество во исхраната да го редуцираат нивото на холестерол во крвта, да го подобрат имунитетот и да го намалат ризикот од настанување на поедини облици на карцином. Инаку, сусамот преставува еден од најкорисните додатоци во исхраната, додека маслото од сусам се смета за извонредно квалитетно, па затоа често се користи како замена за маслиново масло.

Маслото од сусам преставува добра превенција против создавање на тромб, односно крвното згрутчување, но и против долготрајниот запек и нередовната столица. Се препорачува и за отстранување на цревните паразити, чистење на цревата, како и за лекување на хемороидите кои се пратени со болка и крвавење. Во народната медицина се користи и за санирање на повредите, акни, чиреви, брадавици, изгореници.

Сусамот е богат со железо, па е доволно да се внесе само 25 грама од ова семе како би се задоволила половината од дневните потреби за овој минерал. Освен железо во големи количества присутен е и калциум, манган, бакар, магнезиум и селен. Од витамините посебно место зазема витаминот Е, моќниот антиоксиданс кој ги штити клетките од стареењето, појавување на туморите и срцевите заболувања. Во исто време извонреден е извор на витамин тиамин Б1, пиридоксин Б6, ниацин, фолна киселина и рибофловин. Сезамин е уште една состојка, која е важна за заштита на црниот дроб од оксидативните оштетувања. Заедно со сезамолинот и лигнанот влијаат на намалувањето на холестеролот и крвниот притисок, а го зголемува нивото на витаминот Е. Протеините и омега 6 масни киселини исто така се важни состојки на сусамот за зачувување на здравјето.

Истражувањата покажале дека сусамот е делотворен против воспаленијата и болките кај ревматоидниот артритис, како и кај нападите на астма. Иако е тежок за осетливиот стомак, сусамот сепак повремено би требало да се консумира, затоа што преставува совршен чистач на органите за варење. Секако, претходно мора термички да се обработи, односно да се попечи или испржи на тивок оган.

КАЛЦИУМ      

За личностите кои немаат во организмот доволно калциум, сусамот е најдобар избор. Доволна е една супена лажица на сусам да се потопи во 0,5 децилитри јогурт и да се остави преку ноќ. Наутро изедете на празен стомак. Постапката повторувајте ја во континуитет.

ПРОТИВ ХЕМОРОИДИ И ИЗГОРЕНИЦИ           

За лекувањето на хемороидите треба да сомелете лажица сусам и во тоа додадете две лажици вода. Заедно мешајте додека не добиете паста, а потоа во така добиената паста додадете и лажица путер. Сето ова добро измешајте го, а потоа намачкајте ја пастата на парче тост и изедете.

Против изгорениците лекот се подготвува така што две лажици сомелен сусам потопете во чаша вода и се става во соодветен сад да врие неколку минути. Потоа содржината се процедува и се остава да се олади. Со вата макнете во ладниот чај и со неа поминете преку воспаленото место или изгореницата повеќе пати дневно.

Проверете и

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods?

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods? Има антиоксидативна заштита Брза апсорпција на Витамин Ц ...