Почетна / Здравје и исхрана / СУРУТКА КАКО ЛЕК

СУРУТКА КАКО ЛЕК

Сурутката им се препорачува како на најмалите така и на нај старите. Самиот Хипократ укажувал на нејзините благодети и потенцирал дека би требало секојдневно да се користи

Она што е прави да биде извонредно здрава се белковините. Белковините во сурутка имаат главна улога во зајакнувањето на имунитетот, па е незаменлива кај луѓе кои имаат слаб апетит, посебно после болестите или кај постари лица.

Сурутката го зајакнува имунитетот па затоа е  главна состојка на спортски и други формули за зајакнување на имунитетот, и храна за бебиња. Сурутката е вистински избор во исхраната на бремените жени, затоа што тие имаат поголема потреба за белковини.

Им се препорачува на сите луѓе кои се под стрес бидејќи го поттикнува лачењето на сератонин (хормон на среќата), го елиминира уморот и болките во мускулите. Сурутката ја спречува остеопорозата кај постарите луѓе, ги чисти крвните садови од холестерол, ги отстранува наслагите на забите, превентивно делува на кариес, го регенерира и чува џигерот.

Протеините од сурутката директно се преработуваат во ткивата на мускулите и овозможува брзо закрепнување после напорниот тренинг. Сите други протеини, како што е познато ги преработува џигерот. Сурутката содржи сите неопходни есенцијални аминокиселини кои се потребни на организмот. Таа е природен антисептик затоа што лекува воспаление на грлото и дишните патишта

Терапија со сурутка е познатавоа лекувањето на цревните пореметувања, хормоналните проблеми, дебелината и проблеми со циркулацијата.

Сурутката содржи живи бактериски култури кои се слични на оние кои се наоѓаат во свежиот јогурт. Здрава е бидејќи содржи минерали – натриум, калиум, фосфор, магнезиум, цинк, бакар, кобалт, манган како и голема концентрација на млечни киселини и млечни ензими..

Исто како и киселото млеко и сурутката би требало да се консумира редовно. Протеините во сурутката помагаат при слабеењето: предизвикуваат чувство на ситост бидејќи влијаат на зголемувањето на нивото на хормони кои помагаат при слабеењето. Белковините во сурутката се исти како и во мајчиното млеко, а меѓу нив најзастапена белковина е алфа-лакталбумин. Ова белковина е извор на основните аминокиселини, го врзуваат калциумот и ги зајакнуваат коските и забите, го подобруваат расположението и ја лекуваат депресијата.

Секојдневното консумирање на сурутката одлично ќе  не заштити од болестите и ќе ни го чува здравјето. Секогаш треба да се чита декларацијата и да се консумира онолку колку е препорачано. Доколку се зема орално, се става мала или голема лажица сурутка во чаша вода и се пие уз секое јадење. Сурутката може да се најде во течен облик и во облик на прав.

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...