Почетна / Здравје и исхрана / Сурова супер-чоколадна торта

Сурова супер-чоколадна торта

Овој ден на вљубените прославете го со специјална сурова торта со чоколада, Spirulina Pacifica и свежи состојки. Супер  вкусна и супер свежа торта- ветуваме дека ова ќе ви биде омилениот рецепт за торта кој ќе го припремате кога ќе имате ден за јаглехидрати во својата исхрана.
Едно парче е доволно затоа што ќе ве засити само по себе но воедно во својот состав има многу намирници.Потребни состојки за кората:

  • 1 шоља (125g) бадеми
  • 1 шоља (100g) ореви
  • 2 лажици мелен цимет
  • 1 шоља (125g) суво грозје
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 лажици Spirulina Pacifica во прав
За чоколадниот фил:
  • 2 шољи (250g) индиски ореви несолени
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 лажица сок од лимон
  • ½ шоља (100g) кокосово масло
  • 50g* какао путер/ или обичен путер (какао путерот го има во сите продавници за здрава храна)
  • ⅓ шоља (120g) мед или јаворов сируп
  • 100ml (околу 7 лажици сок од цеден портокал)
  • ¾ шоља (60g) какако
 
Инструкции за подготовка: 
  1. За кората додадете ги сите состојки во блендер се додека не се соединат во хомогена смеса.
    Содржината додадете ја во калап за торта чиј обрач се остранува и додека ја ставате смесата притискајте ја со спатула се додека не биде компресирана повеќе. Ставете ја во фридижер околу 30-40 минути.
  2. Филот исто така се блендира во блендер додека не се соедини и се става врз поврршината на кората и убаво се мазни за да се добие совршена рамна површина.
    Декорирајте ја за подобар изглед.
  3. Замрзнете ја тортата околу 2 часа
  4. За крај додадете смрзнато шумско овошје (а во лето со свежо)На здравје!

Проверете и

10 неочекувани причини да пиете повеќе вода

Со празниците зад нас и здравите навики во нашите умови, многумина се уште тагуваат за ...