Почетна / Рецепти / ”Супер Пица” со Spirulina Pacifika

”Супер Пица” со Spirulina Pacifika

Секој обожава пица- ова е факт. Доколку сте фокусирани на здрав начин на исхрана и сакате да одржувате балансиран начин на живот внесувајќи храна со богати нутритивни вредности тогаш можете да си ја дозволите оваа здрава и енергична верзија на традиционалната пица. Класичната пица содржи голема колични на јаглехидрати, масти, многу кашкавал , но затоа пак оваа Супер пица со Spirulina е нов пристап  за одржување на здрав стил на живот за лицата со свест за здравата исхрана.
cauliflower-pizza-crust-with-roasted-vegetables-and-goat-cheese-10-2

Подготовка:

– Изблендирајте 2 големи парчиња карфиол во блендер додека не добиете хомогена смеса
– Содржината ставете ја во солена вода и гответе 5-6 минути
– Исцедете убаво во газа и остранете ја  целата содржина на вода
– Содржината со спатула израмнете ја врз тепсија на која има поставена мрсна хартија за печење и испркајте со маслиново масло
– Потпечете ја подлогата за пицата во претходно загреана рерна на 200 степени.

Кога содржината од добиеното тесто ќе ја промени својата боја врз површината на тестото ставете свежи домати, малку моцарела, брокула, пиперка,  кромид, свежи исецкани печурки.
Печете додека краевите не добијат златна боја.

За пицата да е совршена кога ќе биде готова испрскајте лажичка Спирулина Пацифика во прав (но не ја печете со Спирулина) со цел да ги задржите нутритивните вредности.
Една лажичка е доволна за да имате совршена пица богата со хранливи вредности.

Наздравје!

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...