Почетна / Рецепти / Супа со карфиол и грашок

Супа со карфиол и грашок

Лесна супа од зеленчук со карфиол и грашок е вкусна и едноставна за подготовка. Можете да ја подготвите на посен начин со вода или со пилешко месо.

За ова вкусна и здрава супа од карфиол потребно Ви е: 500 грама карфиол, половина шолја ориз, 1 морков, 1 кромид, 500 грама компир, 200 грама претходно сварен грашок, 3 литри вода, магдонос, мелена црна пипер по вкус, билно масло по вкус.

Подготовка: Исчистете го и измијте го зеленчукот. Прелејте го оризот со зовриена вода и измијте го. Кромидот и компирот исечете ги на коцки. Морковот изрендајте го на крупно, а карфиолот кршете го на парчиња. Компирот, кромидот и морковот ставете ги во зовриена вода и варете околу 15 минути. Додадете го карфиолот, оризот и грашокот. Додадете го маслото и зачинете ја супата со сол и црна пипер по вкус. Варете ја супата на умерен оган додека зеленчукот не омекне. Добар апетит!

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...