Почетна / Рецепти / Суфле од тиквички

Суфле од тиквички

Здраво а лесно за припремање. Изненадете ги своите најблиски со познати намирници приготвени на различен начин!

Состојки

  • 6 јајца
  • 2 мали рендани тиквички
  • 200 гр чери домати
  • 1 лажица путер
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 главица кромид ситно сецкана
  • 120 г рендан кашкавал
  • малку сецкан магдонос
  • сол и бибер

Подготовка

Премачкајте ги со путер четирите мали огноотпорни садови/калапи или еден сад во кој можете да ставите смеса од околу 700 мл. Загрејте ја рерната на 160°C.

Загрејте го маслото во поголема тава на не многу силен оган,па ставете го кромидот, малку лук и пржете додека не омекнат. Додајте ги тиквичките , посолете, побиберете па динстајте 10 минути со повремено мешање. Исцедете ја течноста што се направи па оставете да излади.

Одделете ги жолчките од белките. Во поголем сад изматете ги жолчките со сирење, сол и бибер. додајте ги динстаните тиквички и магдонос, па промешајте. Во друг сад изматете ги белките во мек снег. Третина од белките измешајте ги со жолчките, па потоа и остатокот. Ставете од смесата во припремените калапи или сад, одозгора ставете чери доматче па печете 30 минути.

Послужете веднаш!

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...