Почетна / Активен живот / Стрелаштво, склад на духот и телото

Стрелаштво, склад на духот и телото

Прва асоцијација поврзана со стрелаштво е времето на Робин Худ и кралскиот лов на елени, но денес ова стара дисциплина изгледа сосема поинаку. Во современо опремени сали, млади луѓе во тренерки и патики го затегнуваат лукот и стрелата и ја погодуваат метата на одредена оддалеченост.

Стрелаштво е олимписки спорт и спаѓа во категорија на белите спортови. За да ја совладате ова вештина потребна е смиреност, трпение, упорност и концентрација, затоа се со текот на време, покрај физичките, се развиваат и менталните способности. Со стрелаштво подеднакво се занимаваат и мажите и жените, и тоа е пред се индивидуален спорт. Во Европа и светот стрелаштво стекнува се повеќе популарност, а посебно е застапен во Кореа, Америка, Русија, Италија.

Краток курс за стрелаштво

Доколку Ви се јави желба да се пробате во овој спорт, се препорачува тоа да го направете со помош на инструктор. Ако Ви се допаѓа, следете ги часовите по стрелаштво, каде детално ќе се запознаете со овој спорт. Потоа следи продолжителен курс, со кој можете по озбилно да ја совладате со ова вештина, а за оние по упорните се организираат натпревари. Ова вештина е многу комплексна и не е можно во краток временски период да се повторат сите зададени движења, затоа е битно да се совладаат еден по еден чекор. Како и во секој спорт, талентот е битен, но тренингот е од пресудна важност. За да се занимавате со стрелаштво, не се потребни некои посебни физички предиспозиции, со овој спорт можат да се занимаваат како и деца така и возрасни луѓе.

Стилот во стрелаштвото

Во стрелаштво постојат три основни стилови на гаѓањето: инстиктивно, олимписко и комбинирано (compound). Во инстиктивното стрелаштво се користат само лак со тетива и стрела, нема помошни справи како што се нишан и стабилизатор, додека се во олимпиското стрелаштво  користат сите современи видови на опрема и овој стил е најзастапен во светот. Компаунд лак е најпрецизен и најсовремен.

Зимска и летна сезона

Во стрелаштво постои зимска (indoor) и летна (outdoor) сезона. На зимските турнири се гаѓа во затворени сали на 18 и 25 метри. Летниот турнир се одржува на отворено на различни дестинации, за жени од 30, 40, 50, 60, и 70 метри, додека мажите гаѓаат и на 90 метри. Постојат и 3D стрелаштво, во кој се од различна оддалеченост гаѓаат тродимензионални макети на животни во природна големина и во изворен амбиент.

 

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...