Стој на раце

Стоењето на раце претставува симетрична вежба. Можеби на почетокот изгледа тешка и невозможна за изведување, меѓутоа доколку се вложи труд и време ќе се уверите дека не е така.

Започнете со правење стој на раце со поддршка на ѕид од три до пет серии во времетраење од пет до десет секунди. Нормална појава е како почетник да осетите тресење на рацете, но со континуирано вежбање ќе постигнете одржување на балансот.

1512740_988878684461024_7311250887180965809_n

Во оваа вежба се вклучени: мускулите на градниот кош, мускулите од предниот и задниот дел на рамениците. Исто така  може да се изгради мускулна сила и на големите мускули на грбот.

Еве неколку причини зошто да започнете да ја правите оваа вежба секој ден:

  • Оваа вежба ќе го зголеми вашиот баланс
  • Се зајакнуваат и истегнуваат мускулите на рацете
  • Се зајакнуваат стомачните мускули
  • Овозможува подобрување на здравјето на коските, циркулацијата и дишењето
  • Влијае врз подобрување на расположението и намалување на стресот

 

Автор:

Маркоски Иле

FB Страна: https://www.facebook.com/ilemarkoski

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...