Почетна / Совети за здравје / Стимулирајте ја својата микрофлора и подобрете ја својата дигестија

Стимулирајте ја својата микрофлора и подобрете ја својата дигестија

Кога помислуваме на подобрено дигестивно здравје солуцијата на прво место се генерализира на консумацијата на суплементи- додатоци во исхраната кои содржат пробиотици. Но покрај сумплементите со пробиотици доборо е да се знаат и алтернативите и дополнителните начини на кои можете да обезбедите здрава дигестија.

За здрава дигестивна функција еден од најважните фактори е балансот на бактерии присутни во гастроинтестиналниот тракт. Многу фактори го нарушуваат овој баланс: лекови, сиромашна исхрана, инфекции, стрес, лоши бактерии, стареење…

Какви се вашите навики во исхраната?

Често навиките во исхраната во најголема мерка влијаат врз нарушување на балансот на цревната микрофолора – често примери за тоа се антибиотиците или консумирањето на вода од чешма со висока концентрација на хлор.

Здравата микрофлора обезбедува стабилна околина за раст и подобрено варњење. Идеалната pH вредност на цревата треба да биде помеѓу 6.7 и 6.9. pH  7  е неутрална – се што е пониско од 7 е кисела средина а се над 7 е база.Цревата треба да бидат во мала кисела средина со цел спречување на појава на непожелни бактерии како  Salmonella, Shigella и E. coli.

Најдобриот начин за регенерирање на добрата цревна бактерија опфаќа креирање на киселост во желудникот со што се промовира растот на Lactobacillus бактерии – тоа се бактериите со делотворни дејства врз дигесттијата. Бактеријата Lactobacillus acidophilus создава млечна киселина и со тоа го спречува ширењето на штетни цревни бактерии, а со создавањето ензими осигурува правилна дигестија на храната, искористување на хранливите материи (особено на млечните шеќери) и елиминација на оптадот од организамот.

Кои се најефикасни начини за подобрување на состојбата на цревната микрофлора?

  • Консумирање на традиционална ферментирана храна
  • Пробиотски суплементи

Традиционална ферментирана храна

Колку често консумирате ферментирана храна?

Дали знаевете дека еден од начините на кој можете да ја подобрите работата на вашите органи за варење како и да ја подобрите апсорбцијата на хранливите материи побрзо е да внимавате на својата исхрана и притоа почесто покрај свежите намирници да консумирате храна со пробиотски бактерии односно ферментирана храна.


”Традиционалната ферментирана храна е богата со лактична киселина која креира здрави цревни бактерии.”


14002438_908695729259230_329951582_o
Овие бактерии обезбедуваат закиселување на млекото а исто и на зеленчукот му овозможуваат да ферментира. Во дигестивниот тракт овој тип на бактерии помага при ферментацијата на јаглехидратите кои ние луѓето нее можеме да ги дигестираме. Бипродуктите на овој процес обезбедуваат одржување на киселоста на желудникот а притоа обезбедува подобра средина за здравите бактерии.  Кисели краставички, ферментирани млечни производи како кефир, ферментирана соја се само дел од примерите за ферментирана храна која треба да консумирате.

Кои се намирниците кои обезбедуваат подобра дигестија?
– Кефир
– Јогурт
– Кисели краставички
– Кисело цвекло
– Кисела зелка
– Комбуха
– Кимчи
– Кисели моркови
– Кисел аспарагус
– Закиселен целер со ѓумбир и лимон

Пробиотски суплементи

Консумирањето на ферментирана храна е најприродниот начин за да се добијата сите бенефиции од пробиотските бактерии и притоа да се подобри цревната флора меѓутоа најдобриот начин за да се постигнаат саканите резултати е консумирањето на суплементи со пробиотици на пто е можно поприродна основа.

Пробиотските суплементи обезбедуваат дополнителни бактерии за желудникот. Доколку се соочувате со дигестивни проблеми ви го препорачуваме производот Acidophilus 4×6 од NOW FOODS.  Овој производ ја содржи корисната  Lactobacillus acidophilus а поради тоа е особено корисен за лицата кои се алергични или тешко ја варат млечната храна.

13987346_908695745925895_659077314_o
Во неговиот состав влегуваат следните корисни бактерии:  Lactobacillus acidophilus, Bifidobacterium bifidum, Bifidobacterium longum, Streptococcus thermophilus, Lactobacillus bulgaricus, Lactobacillus paracasei, што го прават особено корисен пробиотик и регулатор на дигестијата.
Acidophilus 4×6 од Now Foods со 6 вида на пробиотици е создаден со природна ферментација и содржи високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии Lactobacillus acidophilus во една капсула. Збогатен е со концентрирани фруктоолигосахариди (FOS) кои го помагаат растот на добрата микрофлора во цревата.

Производот можете да го погледнете на следниот ЛИНК

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...