Почетна / Совети за здравје / Стигна грипот! Кој е најдобриот начин на лечење?

Стигна грипот! Кој е најдобриот начин на лечење?

Постојат два вида на вируси кои може да предизвикаат грип кај човекот: вирус А и вирус Б. Многу брзите мутации на двата вируси може да го променат својот изглед и така да го залажуваат одбрамбениот систем на организмот. Баш поради таа причина постои можност од повторно заболување од грип дури и да сте го прележале претходната година.

Секако, ако вирусите предизвикуваат болест која е многу слична на минатогодишната, особите кои минатата година имале грип се помалку загрозени, но сепак не можат да бидат сигурни дека оваа година ќе го избегнат.

Антивирусните лекови, таканаречените инхибитори неураминидази делуваат против вирусите А и Б, но не и против симптомот на болест. Всушност, тие го блокираат вирусот пред болеста да се распламне. За да делуваат, треба да се внесат во организмот во рок од 36 часа од појавата на првите симптоми.

Симптомите на грипот не можеме со сигурност да ги утврдиме,само затоа што се појавиле некакви тегоби кои можат да бидат резултат на друга врста болест, односно преладување. Од таа причина некои лекови не делуваат на нашиот организам. Бидејќи погрешно сме ја установиле болеста.

Врз основа на тоа многу стручњаци препорачуваат да не се конзумираат антивирусни лекови, ако не сме сто проценти сигурни дека тоа е грип, а најчесто не сме. Истражувањата покажуваат дека овие лекови го скратуваат траењето на болеста за само еден ден, а како нуспаја може да се случат пробавни пречки.Погрешната употреба на овие лекови го погодува развивањето на новите вируси,при што антивирусните лекови ги прави неделотворни.

Антибиотиците не помагаат

Стручњаците ова го повторуваат со годиниЧ антибиотиците воопшто не делуваат против грипот и вирозата затоа што не го уништуваат вирусот туку само бактеријата. Што значи во случај на грип, преладување или останати сезонски вируси не треба да се земаат на своја рака антибиотици.

Антибиотиците лекарот може да ги препише само ако во склоп на некои вирусни болести дојде до компликација во облик на бактериско воспаление која настанало како резултат на вирусот. Тоа на пример се случува кај една врста на бронхитис проследен со висока температура која трае повече од недела дена и продолжил грипот или настинката.

Избор на лекови за уништување на симптомите

Најчесто се препишуваат лекови кои го уништуваат грипот, нестероидни лекови против воспаление како што се ацетилсалицилна киселина (аспирин), парацетамол и ибопруфен, и антипиретици ( лекови за намалување на телесната температура). Тие не лечат болест, туку само ги ублажуваат тегобите, но и тоа е корисно.
Единствена препорака е да не претерувате со дозите и траење на лечењето, затоа што тие лекови можат да предизвикаат проблеми со варењето или болки во стомакот и киселини, па дури и чир на желудникот.

За да ги избегнете непријатните изненадувања, најдобро е да се посоветувате со лекар и да имате на ум дека парацетамолот е најмалку штетен за системот на варење. Парацетамолот и ибупрофенот најмногу делуваат кај децата, а за трудници најсигурен е парацетамолот.

На кого да се обратите
Во случај на грип, прво што треба да направите е да му кажете на својот лекар или педијатар. Ако тоа не е можно треба да се јавите во најблиската дежурна амбуланта или да побарате куќна посета од страна на лекар.
Итна помош треба да побарате само ако се работи за тежки случаеви.

Кој мора да оди во болница
Ако симптомите на грип не поминуваат, посебно ако се работи за болно дете, постара особа или особа што боледува од тешка болест, обично помислуваме на одење во болница. Сепак, тоа секогаш не е неопходно.

За возрасните особи болничкото лечење се препорачува само ако постои потежок здравствен проблем ( на пр. воспаление на плуќата, бронхитис или некое друго озбилно воспаление, шеќерна болест, озбилни проблеми со срцето и бубрезите). Сместување во болница доаѓа во предвид ако заболената особа има повеќе од 65 години, ако лицето е збунето, губи свест или има пулс побрз од 140 отчукувања. Боничко лечење е потребно кога на болното лице не може да му се обезбеди добра куќна нега.

За децата не постои одредена старосна граница за која се препорачува болничко лечење, туку се зависи од здравствената состојба. На пример, ако детето болува од астма, некоја срцева болест или дијабетес, добро ќе биде да го прегледа педијатар за веднаш да воочи можности за појава на компликации ( на пример бронхит).

Болничко лечење е неопходно кога детето изгубило многу течности (дехидрирало), ако има грчеви, ако е помладо од три месеци и ако има сериозни здравствени проблеми или семејството не може да обезбеди соодветна нега во домот. Одлука за тоа носи лекарот.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...