Почетна / Некатегоризирано / Стекнување на доверба во работењето

Стекнување на доверба во работењето

Деловните луѓе најмногу сакаат да дојдат до договор. Многу често се случува да кажат нешто што не е блиско на вистината. Кога станува јасно дека не можат да го исполнат оечкуваното, се нарушува односот и се губи довербата. Довербата е еден од најважните фактори за успех во малиот бизнис. Градите пред се доверба па потоа и заедничка зделка.

Како се стекнува доверба во деловниот разговор? 

За да добиете одговор на ова прашање, потсетете се на одредена ситуација во приватниот живот: ‘’како некој успеал да ве освои’’ ?
Кога сте биле во состојба да му верувате некому во целост?

Дали ви било потребно да дознаете повеќе за таа личност пред да се одлучите повеќе да и верувате? Дали некому сте дале веднаш клучни информации за себе или за почеток сте споделиле само основни информации?

На ист начин се одвива и деловната комуникација. Факт е дека сите сме луѓе но тоа често го забораваме најпрво анализирајќи ги бројките, параметрите и индикаторите на успехот.
За да се креира меѓусебна доверба во  деловното комуницирање потребни се многу фактори од кои зависи истата како: колку другата страна нам ќе ни открие одредени информации, колку ќе инсистира да ја убедиме во своите намери, колку пред своите шефови менаџерите ќе се залагаат за вас …
Довербата се гради кога некому даваме нешто свое и увидиме дека со тој акт ништо лошо нема да ни се случи . На истиот начин ја градиме довербата на другите во нас: со грижа за односот и она што другата страна ни говори. Доколку сакаме да добиеме нечија доверба не е доволно само да не ја изневериме таа доверба, потребно е повеќе да ја убедиме другата страна дека вистински се грижиме за неа.
Ова се постигнува со редовно обрнување на внимание на потребите на другата страна и пресретнување на тие потреби.

Потребно е да бидете подготвени да не ја испуштате перспективата на другата страна во своето решение со цел да постигнете одличен деловен однос.

Проверете и

Дизајнот на пакувањето помага да се продаде производот

Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) презентираше модел на соработка меѓу компании од прехранбено-преработувачката индустрија пред ...