Почетна / Совети за здравје / Среќното срце “посреќно бие”

Среќното срце “посреќно бие”

Два најважни сојузника за да се спречи појава на срцеви заболувања и на хипертензија се здрав начин на исхрана и редовна физичка активност. Меѓутоа, за успешно остварување на вака зададената цел е потребна и малку поголема доза на ведрина во животот.

Зошто е тоа така – во едно истражување во универзитетот во Питсбург, спроведено на повеќе од 200 здрави жени во менопауза, резултатите покажаа дека три години по почетокот на истражување, кај најоптимистички расположените жени имало најмал ризик од појава на срцево заболување. Лицата кои биле постојано оптоварени со очај и загриженост, всушност, биле изложени на зголемен ризик од развој на хипертензија и на одредени срцеви заболувања.

Обидете се со следното – секојдневна прошетка во времетраење од дваесетина минути, при што ќе почувствувате благо забрзување на ритамот на работата на срцето. Притоа ќе поттикнете ослободување на нервотрансмитерите, кои се одговорни за подобрување на расположението, па истовремено ќе добиете и поздраво срце и подобро расположение.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...