Почетна / Совети за здравје / Спирулината е именувана како 1 храна од AARP!!!

Спирулината е именувана како 1 храна од AARP!!!

Спирулината е на 1 место помеѓу 5-те “Храни кои можат да додадат години на Вашиот живот” од страна на AARP Магазинот, магазин кој има најголема распростанетост на земјата. Издавачите препорачуваат Спирулината да биде дел од Вашата дневна исхрана. Ова сознание ја нагласува Спирулината – модро-зелената алга, како Суперѕвезда на Суперхраните.

 

Изгледај добро

Чувствувај се добро

Биди здрав

spirulina-3_1024x1024

Суперѕвезда на Суперхраните

СПИРУЛИНА

Грам по грам, Спирулината е далеку над сите други храни

  • 300% повеќе калциум од млекото
  • 2300% повеќе железо од спанаќот
  • 3900% повеќе бета-каротен од морковот
  • Повеќе протеин од која било друга позната храна

 

Само 3 грама Спирулина содржи повеќе антиоксиданти и антивоспалителна активност од 5 порции на зеленчук

Спирулината е храна за секој организам

 

Замислете

… храна која ќе Ви помогне да го регулирате крвниот шеќер, крвниот притисок и холестерол, храна која може да ја намали воспалителната болка и да испорача антиоксидантна активност која им одбива болестите опасни по животот како канцер, Алцхајмерова болест, срцеви заболувања и удари, која помага и заштитува црниот дроб и бубрезите, која ја отстранува радијацата од организмот, која го подобрува имунолошкиот систем, која ги олеснува алергиите и докажано се бори со многу други вируси, која им помага на Вашите очи и мозок, и храна која помага да се зголеми добрата флора во цевата, подобрувајќи ја дигестијата.

Научните истражувања покажаа дека Спирулината е најхранлива, концентрирана комплетна храна позната на човештвото. Чудесна храна, полна со извонредни хранливи материи, Суперхрана, не е доволно. Спирулината е навистина СУПЕРЅВЕЗДА.

 

Храна за секој организам

Спирулината е идеален додаток во исхраната за луѓе на сите возрасти и животни стилови. Содржејќи ја секоја есенцијална амино киселина, Спирулината е помеѓу 60-65% високо сварлив, комплетен протеин. Ова значи дека таа содржи повеќе протеин од која и да било друга позната храна. (Сојата е 35% протеин, животинското месо варира помеѓу 15-25% и јајцата содржат само 12%). Таа содржи повеќе бета-каротен од која било друга комплетна храна. (Нашиот организам може да создаде витамин А од бета-каротенот). Таа е најдобар комплетен хранлив извор на Гама Линоленска Киселина. (ГЛК е есенцијална омега 6 масна киселина, толку неопходна на луѓето со дијабетис). Најпосле, таа е богата со Б витамини (вклучувајќи го Б12), минерали, хлорофил, ензими и други работи.

Спирулината обезбедува хранливи материи кои ни недостасуваат во нашата исхрана. Таа на спортистите им обезбедува подолготрајна енергија и побрзо време на опоравување. Ги исхранува луѓето кои имаат проблеми со дигестија, варење и запек. Таа ги зо заситува апетитот и ги обезбедува есенцијалните хранливи материи кај оние кои внимаваат на својата тежина. Таа им овозможува на децта (и на другите кои не сакаат зеленчук) да ги добијат своите зелени работи со земањето на неколку таблети. Таа е важен додаток за луѓето кои се зафатени и немаат време за регуларни, балансирани, хранливи оброци.

Другите луѓе кои треба да користат Спирулина регуларно ги опфаќа студентите кои се далеку од дома, оние кои исхраната им е слаба, стари луѓе, особено оние во поодминати години, луѓе кои се опоравуваат од операција. Всушност, сите оние на кои им е потребно повеќе енергија или подобра исхрана може да го подобрат нивното здравје со Спирулина.

 

До каде е науката?

Направени се преку 200 научни студии за Спирулината, покажувајќи огромен низ на позитивни здравствени полезности. Овие истражувања вклучуваат ин-витро експерименти, ин-виво животински истражувања и ?, плацебо-контролирани човечки клинички истражувања. Два литературни прегледи ги сумираат многуте начина за подршката која Спирулината му ја дава на нашето здравје.

Во едно извонредно резиме комплетирано во 2002 год., авторите ги дадоа следниве изјави за нивните откритија: “Спирулината експериментално се докажа, во ин-виво и витро, дека е ефикасна во третирањето на алергии, анемија, канцер, токсичност на црниот дроб, вирусни и кардиоваскуларни болести, хипергликемија (висок крвен шеќер), хиперлипидемиа (висок холестерол и триглицериди), имуноодбрана и воспалувачки процеси”. Овие активности и се припишуваат комплетно на Спирулината или на еден или повеќе од нејзините состојки, вклучувајќи го и неодамна изолираниот комплекс наречен Калциум Спирулан.

Во друго резиме, издадено 2001, авторите анализираат бројни полезности, вклучувајќи и гореспоменатите. Тие укажуваат дека Спирулината го стимулира имунолошкиот систем и ја зголемува  отпорноста кај луѓето. Тие исто така и даваат големо значење на антивирусната активност на Спирулината. “Сулфолипидите од Спирулината докажано се ефикасни против ХИВ, херпес вирус, вирусот на грип, цитомегало вирус и др. Екстрактите од Спирулина се способни да спречат канцерогенеза (производство на канцер).” На крајот, авторите забележуваат дека Спирулината е ефикасна во заштитата на цревната флора и ја намалува Кандида албиканс (бактериски извор на квасочната инфекција).

Објавени се голем број на клинички истражувања. Овде ќе ги сумираме резултатите од четири. Првата студија има добри вести за оние кои имаат проблеми со алергиите. Експертите за алергии на Универзитетот Од Калифорнија Дејвис Школото за Медицина го истражуваа ефектот на Спирулината врз алергискиот? Познато е дека оние кои патат од алергии имаат воспаление и течење на носот предизвикано од воспаление на слузницата. Во истражувањето, пациентите кои употребувале Спирулина го намалиле нивниот секрет на цитокин Интерлеукин-4, што резултира со многу помала алергиска реакција.

Во втората студија, Спирулината покажува дека го поддржува црниот дроб и им помага на оние кои веќе боледуваат од болести на црниот дроб. 60 пациенти со хронични распростанети нарушувања на црниот дроб, партиципираа во ова необично истражување. Тие и ја припишаа заштитата на црниот дроб (хепатозаштита) на Спирулината поради нејзините антивоспалителни, антиоксидантни, мембрано-стабилизирачки и имунокорективни својства. Тие исто така открија дека Спирулината го стабилизира црниот дроб и ги спречува болеста да се развие во цироза.

Третата студија ги вклучува ефектите на Спирулината врз пред канцерогените орални повреди. Во ова важно клиничко истражување, учествуваа 87 џвакачи на тутун со овој вид на повреди во нивната уста. Групата која користеше само 1 грам Спирулина (1/4 кафена лажица) имаа неверојатни резултати, 45% од групата имаа задоволство на комплетно враќање на повредите (20 од 44 случаи). Во плацебо групата, само 3 од 43 (7%) покажаа намалување. За жал, само во 1 година на дисконуитет на конзумирање на Спирулината, 9 од 20-те кои покажаа комплетено повлекување на раните им се појавија нови повреди.

Во последната стидија, Европските истражувачи ги проучуваа ефектите на Спирулината на пациенти со мултиплекс склероза. На крајот од истражувањето, научниците напишаа, “Зацврстено е мислењето дека замањето Спирулина го продолжува намалувањето на симптомите кај пациентите со мултипна склероза.”

Некои поранешни истражувања исто така покажаа значителни примени. Во 1967 година, беше забележано дека Спирулината помага во третманот за рани. Во 1988 год, се покажа дека Спирулината има способност да го намалува холестеролот. И многу важно, во 1976, се покажа дека групи на неухранети деца и возрасни добро реагираат на примање Спирулина како храна.

Безброј студии кои се правени со животни покажаа позитивни резултати од користењето Спирулина. Една студија покажа дека Спирулината ја намлува дегенерацијата на мозокот на постарите животни. Друга група научници која ги мереше оксидативните оштетувања, дојде до слични резултати во мозокот на постарите стаорци. Спирулината го намалува оштетувањето од слободните радикали во мозокот и исто така го намалува воспалувањето.

Неколку студии ги покажаа ефектите на Спирулината како зајакнувач на имунитетот. Студиите кај мачките покажаа дека ја подобрува отпорноста на болести. Спирулината покажа зголемување на неколку различни имунолошки функции кај кокошките. Една јапонска студија користејќи глувци покажа слични разултати, и демонстрираше дека Спирулината влијае на имунолошкиот одговор на неколку начини. Во друга студија која се однесува на имунолошкиот одговор, на глувците кои им е давано Спирулина покажаа сначајно намалување на големината и фреквенцијата на кожните и стомачните тумори.

Глувците со дијабет имаа многу позитивни резултати кога добиваа Спирулина, што предизвика истражувачите да го заклучат дека луѓето со дијабет можат да имаат подобар квалитет на живот и подолг опстанок, со употреба на Спирулина.

Што ја прави Спирулината супериорна?

Спирулината е комплетен протеин и содржи поголем процент на протеин за разлика од која било друга храна позната на човешството. Таа е исто така содржи повеќе бета-каротен за разлика од која било друга храна. Таа содржи омега 3 масна киселина и е најдобар комплетен извор на Гама линоленска киселина (оригинално екстахирана од семето на ноќната јаглика). Таа е богата со Б витамини (вклучувајќи Б12), витамин Е, минерали, ензими и фитохемикалии. Фитохемикалиите природни растителни супстанци кои го поддржуваат нашето здравје и често имаат антиоксидативни карактеристики. На пример, Спирулината 31 пат е помоќна од боровинката, 60 пати помоќна од спанаќот и 700 пати помоќна од јаболката.

Два многу важни составни делови на Спирулината се: фикоцијанин и полисахаридите. Фикоцијанинот е уникатен водено-растворлив син пигмент кој и ја дава сината боја на Спирулината. Пронајден само во модро-зелените алги како Спирулината, фикоцијанинот ја одредува Спирулината како Суперхрана. Неговото присуство прави витална разлика помеѓу Спирулината и другите зелени храни како хлорелата, пченичните ркулци и јачменовите ркулци.

Истражувањето за фикоцијанинот, завршево во Јапонија, покажа дека тој го активира имунолошкиот систем и ги штити црниот дроб и бубрезите за време на детоксификација. Според истражувачите од Медицинскиот Центар за Рак и Кардиоваскуларни Болести во Осака, Спирулината го зајакнува имуниот систем водејќи до задушување на развојот на рак и вирусни инфекции. Нивното клиничко истражување покажа дека екстракт од Спирулина богат со фикоцијанин ја зголемува продукцијата на интерферон и NK cytotoxicity. Фикоцијанинот исто така покажува ефекти во третманот на рак со стимулирање на имуниот систем.  Фикоцијанинот има моќно антивоспалувачко дејство.

Полисахаридите (понекогаш наречени кликани) се друга важна состојка на Спирулината. Овие релативно комплексни јагленохидрати се класифицирани како шеќери, но тие не се благи или расворливи во вода. Кликогенот (сустанца складирана во организмот за енергија) и целулозата се примери за полисахариди.

Новиот полисахарид наречен калциум спирулан е изолиран од Спирулината. Оваа супстанца има извонредна антуивирусна моќ. Истражувачите открија дека калциум спирулан го спрачува размножувањето на неколку различни вируси, вклучувајќи ги ХИВ-1, херпес симплекс 1, сипаници, заушки, грип и човечкиот цито магало вирус. Откриено е дека калциум спирулан селективно го спречува навлегувањето на вирусот во клетките домаќини. Во слично истражување откриено е дека калциум спирулан може да биде кандидат за анти-ХИВ терапевтски лек кој може да ги надмине штетите забележани кај многу сулфатни полисахариди.

Истражувачите  во Кина и Јапонија ја испитуваа моќта на полисахаридите од Спирулината во терапијата за рак. Научниците открија дека калциум спирулан значително ги намалува метастазите на белите дробови со спречување на туморната изнвазија на клеточните мембрани. Истражувачите забележаа значително намалување на населувањето на тумор во белите дробови.

Во 2001, истражувачите од универзитетот Мисисипи Школо За Фармација екстрахираа полисахарид од Спирулината кој е наречен “Имулина”. Имулина има силен имуно-стимулирачка активност кај луѓето. Тие заклучија дека овој полисахариде помеѓу 100 и 1000 пати повеќе активен отколку полисахаридите кои сега се користат за инмунотерапија кај ракот.

Спирулината содржи мноштво од разновидни хранливи материи кои се наоѓаат во другите храни. Научниците секоја година добиваат нови знаења за ефектите на другите скапоцени хранливи материи кој ги содржи Спирулината. Тоа вклучува сулфолипиди, гликолипиди, супероксид дисмутаса, и нуклеоните РНА и ДНА.

Спирулината е комплетна храна. Всушност може да се употребува како единствена храна за опстанок во екстремни ситуации. Количината која треба да се користи може да се прилагоди на потребите на секоја индивидуа во согласност со нивната возраст, здравствен статус или конкретните резултати кои сакаат да ги постигнат.

 

Што може Спирулината да направи за мене?

Луѓето кои земаат Спирулина изјавуваат дека имаат повеќе енргија, дека се чувствуваат подобро и дека ретко имаат настинка и грип. Луѓето со дијабетис велат дека Спирулината им помага да го регулираат нивниот крвен шеќер, додека луѓето со кардиоваскуларни проблеми велат дека им помага да одржат здрави нивоа на холестерол и здрав крвен притисок.

Бидејќи, исто така има антивосполителни полезности од употребата на Спирулина, таа може да им помогне на луѓето со сите видови на болки и страдања. Уникатниот антиоксидант на Спирулината фикоцијанин помага да се заштитат црниот дроб и бубрезите, и заедно со антивирусните полисахариди во Спирулината, помага де се зајакне имуниот систем. Конечно, разновидноста на антиоксиданти во Спирулината помага за превенција на смртоносните болести како рак, срцево заболување, удар, дијабетис и Алцхајмерова болест.

 

 

 

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...