Почетна / Здравје и исхрана / Спирулина слатководната алга од чистата природа

Спирулина слатководната алга од чистата природа

Спирулината е слатководна алга со спирален облик која е неверојатна ризница на хранливите материи. Содржи големо количество на бета – каратен, железо, хлорофил и витамин Б12. Таа е лековита и одличен е додаток на исхраната, посебно за спортистите, реконвалесцентите и повозрасните луѓе.

Ова микро алга во незиниот состав содржи преку 100 хранливи супстанци и преставува извонреден и целосен нутритивен додаток во исхраната. Го подобрува метаболизмот, го зајакнува имунитетот, го регулира нивото на шеќерот во крвта, холестерол и триглицеридите. Преставува добар извор на хранливи влакна кои придонесуваат за исфрлување на токсините од организмот.

Може да се користи во исхраната секој ден, а денес Ви преставуваме и причините зошто треба да ја консумираме׃

Делува против инфекции׃  Научно е докажано дека протеините од спирулината го поттикнуваат производството на антитела во човековиот организам. Бидејќи спирулината се состои од 70% протеини – таа посебно го поттикнува производството на макрофагите, белите крвни зрнца кои се борат против инфекциите.

spirulina-shake 10

Ги спречува алергиските реакции׃  Едно истражување од 2005. година кое е објавено во списанието Journal of Medicinal Food покажало дека спирулината има вакво делување, а посебно помага на оние кои патат од алергискиот ринитис. Се докажало дека редовното консумирање на големи дози на спирулина може значајно да ги намали симптомите кај оние луѓе кои патат од алергии.

Добра е против анемија׃  Спирулината, како и некои други микро алги, ефикасно го поттикнуваат производството на црвените крвни зрнца, посебно ако се консумира во комбинација со витамин Б12.

Ја прочистува крвта׃  Бидејќи е богата со фикоцијанин и хлорофил, спирулината ја прочистува крвта. Овие две состојки не само што го поттикнуваат производството, туку ја и подмладуваат крвта. Хлорофилот е готово идентичен на хемоглобинот, тоа е молекул кој ја ослободува крвта од отпадните материи и го транспортира кислородот до клетките.

Го поттикнува имунитетот׃ Спирулината ги содржи сите осум есенцијални аминокиселини, како и 10 не есенцијални. Поред тоа го содржи и антиоксидансот бета каротен и зеаксантин, витамини од Б комплекс, десет минерали, есенцијалната масна киселина гама – линоленска, како и пробиотични бактерии, тие одлично делуваат на имунитет.

Ги ослободува клетките од тешките метали и другите токсини׃  Спирулината е моќен хелатен агенс, продира длабоко во телесните ткива и од нив извлекува токсини како што се живата, арсеникот, кадмиумот, пестицидите, канцерогените материи, радиоактивните материи. Спирулината исто така помага во транспортот на есенцијалните нутриенти низ крвната – мозочната бариера, како би ги пополнела празнините кои настануваат со отстранување на тие токсини.

Го намалува холестеролот׃  Спирулината ги намалува воспалените состојби во организмот и артериите, бидејќи воспалението во суштина придонесува холестеролот да се собира во крвта. Секојдневното консумирање на спирулина го намалува нивото на холестерол во серумот, што значи дека тој се складира во телото, а не на ѕидовите на артериите, што би можело да доведе до кардиоваскуларни проблеми.

Придонесува за поефикасно слабеење׃ Оние кои патат од вишок на килограми можат да ја користат спирулината, затоа што таа го поттикнува слабеењето. И не само тоа. Бидејќи содржи големо количество на лесно искористливи протеини, таа го поттикнува создавање и раст на мускулната маса, што е одлично доколку во програмата за слабеење се вклучени и редовното вежбање.

Ја поттикнува активноста на мозокот׃ Бидејќи содржи големи проценти на Л – триптофан, аминокиселина која учествува во производството на неуротрансмитерот мелатонин и сератонин во мозокот. Спирулината ги  става во рамнотежа мозочните активности и го подобрува помнењето, расположение и го поттикнува чувството на смиреност и среќа.

Придонесува за здрава кожа и коса׃  Бидејќи содржи големи количества на антиоксиданси, есенцијални масни киселини и нутриенти кои имаат својство на прочистување, спирулината помага косата и кожата да се подмладат. Таа делува однатре против факторите кои влијаат на ќелавоста, безживотната кожа и кожа без сјај.

ТРИМЕКС Дооел
ул. Иван Милутиновиќ бр.36
1000 Скопје
тел./факс: 02 / 32 46 000
e-mail: info@trimeks.com.mk

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...