Почетна / Совети за здравје / SPIRULINA PACIFICA – МИКРО АЛГА, МАКРО БЛАГОДЕТ

SPIRULINA PACIFICA – МИКРО АЛГА, МАКРО БЛАГОДЕТ

Spirulina Pacifica е најбогатиот и најкомплетен извор на додаток во исхраната. Оваа модро-зелена алга зачудува многу нутритивни експерти, што се должи на нејзината разновидност на основните нутриенти: растителни протеини, каротени, хлорофил и фикоцијанин, биоактивен Б12, гама линоленска киселина и минерали. Безцелулозниот клеточен зид на Spirulina Pacifica е високо сварлив и нутриентите лесно се абсорбираат.

Се во едно

Spirulina Pacifica содржи, во концентрирана форма, се што е потребно за здраво тело и јасен разум. Таа е толку комплетна што можете да живеете на Spirulina Pacifica и вода со недели, дополнето со малку зеленчук и овошје.

Компатибилност – комбинирана моќ

Моќта на Spirulina Pacifica не се должи само на бројните поединечни важни супстанции што ги содржи, туку на компатибилноста помеѓу нив. Тоа значи, заедничко делување и надополнување на сите од природата создадени супстанци во Spirulina Pacifica. Тоа создава многу поголем ефект од збирот на поединечните компоненти.

Акција на 3 начини

Неправилната исхрана, недостатокот од вежбање, пушењето, пиењето алкохол и стресот, создаваат штетни продукти во нашите тела, предизвикувајќи да се чувствуваме уморни и млитави.

Spirulina Pacifica брзо Ве враќа на “врвот”. Таа дејствува истовремено на 3 нивоа:

  1. Го помага природниот процес на телесно чистење. Ќе се чувствувате поспремни, повесели и ќе имате повеќе енергија.
  2. Ги надоместува недостатоците во исхраната и го стимулира метаболизмот. Вашата физичка кондиција забележително се подобрува и брзо се враќате во форма.
  3. Ја зголемува отпорноста и го активира природниот телесен одбранбен механизам. Ќе се почувствувате посилни и поспособни за борба со притисоците на секојдневниот живот.

Поради нејзините функции на прочистување, обновување и зајакнување, Spirulina Pacifica има широк опсег на примени. Ви дава нова енергија и Ве прави поспремни и постабилни.

“Главна поправка” на Вашето тело

Spirulina Pacifica го има истиот ефект на Вашето тело како што главната поправка ја има на Вашиот автомобил. Моторот е исчистен, свеќичките се исправни, маслото е обновено, се е добро подмачкано. Потоа автомобилот побрзо развива брзина, полесно се менуваат брзините и троши помалку гориво. И сето тоа со истиот мотор! Дали водите грижа за сопственото здравје како што водите грижа за својот автомобил? Дали му правите на Вашето тело “главна поправка” толку често со доволно одмор и релаксација? Дали Вашето тело го добива истото високо квалитетно гориво, на пр. во форма на свеж зеленчук и овошје?

Чиста сончева енергија и изобилие на полезности

Spirulina Pacifica ги помага природните процеси на прочистување, ја зголемува отпорноста и виталноста. Идеална за замор, оздравување, напорно вежбање и подобро вршење на работата, спортот и учењето. Ви дава повеќе енергија, ја зголемува Вашата издржливост и го забрзува опоравувањето по болест. Spirulina Pacifica е природна помош при слабеење, за време на менструација и менопауза и за време и по бременост. Истовремено, делува за здрава кожа, поцврста коса и појаки нокти.

Хавајски квалитет – Вие и самите ќе ја почувствувате разликата!

Spirulina Pacifica од Nutrex е единствена во светот која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Испитувањата правени во изминатите 10 год. со Spirulina Pacifica покажуваат дека во неа нема присуство на пестициди. Единствено хавајската Spirulina Pacifica се суши со патентиран метод, наречен Метод на океанско ладно сушење. Овој метод, комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка, како и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен бета каротенски производ.

Природата едноставно има повеќе вештина од хемичарот!

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...