Почетна / Здравје и исхрана / SPIRULINA PACIFICA- идеален природен додаток при пост и за прочистување

SPIRULINA PACIFICA- идеален природен додаток при пост и за прочистување

Велигденските постови се одличен начин за чистење на токсините од телото, ослободување од лошите навики, мрсната храна, одлични се намалување на вишокот на килограми и воспоставувување на нов поздрав начин на исхрана.
Постот сам по себе е одличен начин за одвикнување од нездравата храна и лошите навики, но доколку невнимателно се води грижа околу калорискиот внес, внесот на минерали и витамини преку исхраната и грижа околу баланс во исхраната, телото ќе се чувствува немоќно, неенергично и летаргично.

Со постовите, без дополнителна грижа околу внесовите на здрава храна, телото е под ризик да биде поподлежно на намален имунитет, а со тоа се појавува и чувството на општа слабост, склоност на настинки и вируси. Општо е познато дека во периодите на пост, но и кај веганскиот начин на исхрана мора да се надокнадат недостатоците на потребни хранливи материи преку суплементи, се со цел одржување на балансот на организамот.

Поради својата структура, хранливост и нискокалоричност, Spirulina Pacifica е особено важна во периоди на пост. Ги олеснува интестиналните проблеми, затоа што лесно се вари и обезбедува енергија и сила за совладување на заморот кој се појавува во текот на постот. Комбинацијата што таа ја поседува, т.е. енергетскиот потенцијал и супримирањето на апетитот, ја направија популарна и многу прифатена во текот на постењето и диетите.

Таа е најкомплетен и најбогат извор на органска храна, дава  изобилство од  преку 100 синергетски хранливи материи со висока биодостапност, во својата изворна форма, без никакви вештачки додатоци.
Гама линоленска киселина, витамини, минерали, есенцијални масни киселини, хлорофил, ензими, антиоксиданти.

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...