Почетна / Здравје и исхрана / Spirulina Pacifica ™ – Десет добри причини за да ја консумирате

Spirulina Pacifica ™ – Десет добри причини за да ја консумирате

 

Тајната формула на модро-зелената алга Спирулина, која е позната повеќе од 3,8 милијарди години, денес повторно се користи поради нејзиниот корисен ефект врз здравјето на човекот. Редовно ја употребуваат луѓе кои сакаат да ја подобрат здравствената состојба, атлетичари, трудници, бебиња, деца, возрасни, постари луѓе, вегетеријанци, оние кои внимаваат на својата тежина.

Секојдневно луѓето се уверуваат во полезностите на Спирулината, која ја подобрува состојбата на имунолошкиот систем, подмладува, ја зголемува издржливоста, помага во подобрувањето и зачувувањето на здравствената состојба.

Содржи повеќе од 70 алкални фитонутриенти и антиоксиданси, вклучувајќи и два од најстарите природни ензимски пигменти- фикоцианинот (син) и хлорофилот (зелен) и низа каротеноиди како бета каротенот, лутеинот и други нутриенти ја подобруваат состојбата на организмот и ги обезбедуваат дневните потреби од хранливи материи.

Нејзините состојки имаат многукратно корисно дејство врз целиот организам, еве 10 добри причини за редовно да ја консумирате Спирулина Пацифика:

1.Фитонутриентите  се корисни за имунолошкиот систем, детоксификацијата, цревната флора, крвната слика, функцијата на дигестивниот систем, еластичноста на капиларите, правилната циркулација на крвта, помага во борбата со слободните радикали, стресот, заморот и др.

2.ДНА и РНА нуклеинските  киселини ја  поттикнуваат регенерацијата на клетките, обновувањето на ткивото и помагаат во санираwе на метаболитичкиот дисбаланс.

3.Ретките јаглехидрати  Rhamnose and Cyanophycean се скроб идентичен со гликогенот кој се претвора во гликоза. Природните јаглехидрати  ја зголемуваат енергијата и издржливоста и помагаат во нормализираwе на нивото на гликозата во крвта.

4.13-те есенцијални масни киселини (ЕФА)- “добри масти”  вклучувајки ги ОМЕГА 3, 6, и 9, како и Гама Линоленска Киселина (ГЛА), позната по тоа што ги абсорбира мастите, Олеинска киселина, (АЛА) Алфа Линоленска Киселина, ДХА и други, кои влијаат врз здравјето на косата, кожата, ноктите и зглобовите. ЕФА има позитивен ефект врз нивото на холестерол, срцето, функцијата на мозокот и нервниот систем, контрола на апетитот, метаболизмот на мастите, флексибилност на зглобовите и помага кај предменструалниот синдром.

5.Над 20 природно формирани основни  минерали кои не се синтетички произведени , вклучувајќи ги калциумот, магнезиумот, калиумот, натриумот, цинкот, хром, железото, селенот, фосфорот, манганот и други. Овие основни минерали лесно се варат, апсорбираат и асимилираат во крвотокот, превентивно влијаат на недостаток на минерали и обезбедуваат здраво мускулно ткиво, здрави коски, правилен развој и функционирање на централниот нервен систем, жлездите, скелетот, репродуктивниот систем и други телесни функции.

6.Повеќе од 10 природно формирани витамини вклучувајки ги витамините: А, фолна киселина, Б1,Б2, Б6, Б12, ниацин, иноситол, пантотенска киселина, витамините Е, Д, Х и други кои го подобруваат здравјето на очите, кожата, забите, мускулите, нервите, белите дробови и други битни функции на телото. Овие витамини помагаат и во подобруваwето на: црвени крвни зрнца, намалување на едемите, стабилизирање на хормоните кај жените и асистираат во борбата против пернициозната анемија, дегенерација на нервите, прерана сенилност, здравје на срцето, замор, ментални болести, алергии, инфекции, дегенеративен дисбаланс, чир на желудник, хипогликемија и други болести поврзани со недостаток на витамини.

7. 18 Амино киселини, од кои 8 се есенцијални-амино киселини за биолошки комплетен протеин, и 10 неесенцијални амино киселини, вклучувајќи го phenylaline, за кој некои истражувачи тврдат дека делува директно на центарот за апетит во мозокот, помага во намалуваwето на желбата за храна и го нормализира апетитот. Амино киселините го подобруваат здравјето на мозокот, растот и обновувањето на клетките, ткивото и пред се енергијата и издржливоста. Повеќето протеини не се однесуваат како брза енергетска храна, бидејки тешко се апсорбираат. Протеините од Спирулина Пацифика се апсорбираат околу 90% и обезбедуваат моментална и долготрајна енергија.

8. Над 8 каротеноиди вклучувајќи ги Лутеинот, Зеаксантинот, криптоксантинот, Алфа каротенот и Бета каротенот, кој се смета за моќен антиоксидант  што се трансформира во провитамин А. Антиоксидансите придонесуваат за здрав имунолошки систем и виталност,  му помагаат на телото да се бори против инфекции и бактерии. Исто така, тие се корисни за здравјето на очите и му помагаат на телото во борбата против слободните радикали и ефектите од загадувањето на околината.

9.Спирулина Пацифика има малку калории, нема сол, нема вештачки состојки или полначи  и е целосно  природен производ.

10.Спирулина Пацифика е комплетна храна која ги задоволува сите дневни потреби на организмот. Потребни Ви се само неколку грама во текот на денот и полесно ќе ги поднесете сите стресни ситуации на овој модерен свет.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...