Почетна / Совети за здравје / Спирулина – најголемото чудо од храна

Спирулина – најголемото чудо од храна

Спирулината е едноклеточна сино-зелена алга со научно име Arthrospira platensis.Името спирулина е изведено од латинскиот збор за хеликс или спирала, означувајќи ја нејзината физичка конфигурација која гледана под микроскоп е долга, тенка, сино-зелена спирала. Мирисот и вкусот на спирулината е сличен на морската трева. Спирулината може да се најде во многу слатководни средини, вклучително и бари, езера и реки. Таа успева најдобро под услови без пестициди, со многу сончева светлина и умерени температурни нивоа, но исто така е многу прилагодлива, преживува дури и во екстремни услови.

Постојат неколку видови на спирулина. Оние кои најчесто се користат како додатоци во исхраната се Spirulina platensis и Spirulina maxima. Се смета дека била извор на храна за Ацтеките уште во 16-тиот век во Мексико. Спирулината била пронајдена во изобилство во езерата од страна на француските истражувачи во 1960-тите години. Првиот голем производствен погон за спирулина е основан во почетокот на 1970-тите години, кој привлекол големо внимание во светот. Спирулината исто така има долга историја и во Чад, уште од 9-тиот век за време на империјата Канем. Се уште е дел од секојдневната употреба во некои земји каде се суши и се додава во колачи и други оброци и може да се најде во многу маркети. Надвор од своите нутритивни вредности, денес милиони луѓе низ светот ги откриваат и нејзините здравствени придобивки. 2765 Уште од 1970-та година, спирулината е анализирана хемиски. Се покажала како одличен извор на протеини, витамини и минерали. Таа има висока концентрација на протеини (60% -70%). Корисна е во исхраната на луѓето, како резултат на високиот квалитет и квантитет на протеини. Хранливата вредност на протеините е поврзана со квалитетот на аминокиселини, дигестивниот коефициент, како и од нејзината биолошка вредност. Спирулината содржи есенцијални аминокиселини, а највисоките вредности припаѓаат на леуцин (10,9% од вкупни аминокиселини), валин (7,5%) и изолеуцин (6,8%). Денатурацијата на протеините на спирулината се забележува кога алгите се загреваат над 67°C во неутрален воден раствор. Интеракцијата на хидрофобните делови за време на загревањето и формацијата на водородни врски за време на ладењето, се агрегациони и гелирачки фактори на спирулина протеините. Има релативно висока концентрација на провитамин А и е многу богат извор на витамин Б12 (цијанокобаламин), а тоа е причината и зошто оваа цијанобактерија е од голема вредност за луѓето кои имаат потреба од додатоци во третманот на пернициозна анемија. Содржи и: витамин Б1 (тиамин), Б2 (рибофлавин), Б3 (никотинамид), Б6 (пиридоксин), Б9 (фолна киселина), витамин Ц, витамин Д и витамин Е. spirulina3 Липиди Спирулината содржи 4-7% липиди. Има есенцијални масни киселини: линолна киселина (LA) и γ -линоленска киселина (GLA). За GLA се тврди дека има лековити својства и е потребна за синтеза на арахидонска киселина и простагландин. Минерали Спирулината е богат извор на калиум, содржи и калциум, хром, бакар, железо, магнезиум, манган, фосфор, селен, натриум и цинк. Железото од некои додатоци во исхраната не се апсорбира соодветно. Железото од спирулината 60% подобро се апсорбира од железо сулфат. Јаглехидрати Содржи околу 13,6% јаглехидрати, а некои од нив се гликоза, рамноза, маноза, ксилоза и галактоза. Спирулината нема целулоза во клеточниот ѕид, карактеристика што ја прави соодветен и важен прехранбен производ за луѓе со проблеми при цревна апсорпција и геријатриски пациенти. Нов високо молекуларен полисахарид со имуностимулативна активност, кој е изолиран од спирулината, се нарекува Immulina. Нуклеински киселини Спирулината содржи 2,2%-3,5% на РНК и 0,6%-1% на ДНК, што претставува помалку од 5% од овие киселини, врз основа на сувата маса. Овие вредности се помали од оние на другите микроалги како Хлорелата и Сценодезмусот. Пигменти Некои природни пигменти се наоѓаат во спирулината. Овие пигменти се одговорни за карактеристичните бои на одредени фламинго видови кои ги консумираат овие цијанобактерии во африканската долина. Ова сознание го промовира користењето на овој микроорганизам како извор на пигментацијата за риба, јајца и пилешко. Спирулината го зголемува жолтилото и црвенилото на печената кокошка поради акумулација на зеаксантин. Таа содржи: хлорофил, ксантофил, beta-каротен (Според заклучоците на Националниот институт за рак во САД, доза од 6,0 mg на β-каротен дневно може да биде ефикасна во намалување на ризикот од рак. Ако некој зема 4,0 g спирулина на ден, ќе добие 6 mg beta-каротен.), ехиненон, диатоксантин, 3-хидроксиехиненон,-криптоксантин, осцилаксантин. Клиничките испитувања покажале дека спирулина може да послужи како дополнителен лек за многу болести. Дозираните форми од спирулината се покажале ефикасни во намалувањето на нивоата на липиди, во зголемување на белите крвни зрнца по радиотерапија и хемотерапија, како и за подобрување на имунолошката функција. Спирулината се користи како здрава храна, сточна храна и за производство на биохемиски производи од 1980 година. Подобрување на општата одбранбеност на организмот Академијата на Кинески воени медицински науки покажала дека спирулината може ефикасно да ја подобри стапката на преживување на глувци по изложеност на смртоносна доза на зрачење, продолжувајќи го времето за опстанок, и да го подобри нивниот имунитет и активност на супероксид дисмутаза. Некои болници во градот Кунмин, во Провинцијата Јунан, ја усвоиле спирулината како помошен лек, кој се покажал како ефикасен во намалување на липидите, во борбата против заморот и зголемување на нивото на имуноглобулин А (IgA) и имуноглобулин М (IgM). Фикоцијанинот на спирулината инхибира раст на хуманите леукемија K562 клетки кога се зема како додаток во исхраната. Голем број на други научни студии, направени на глувци, кокошки, мисирки, мачки и риби покажале дека спирулината ја подобрува функцијата на имунолошкиот систем. Медицинските научници сметаат дека, не само што го потикнува системот за одбрана на организмот, всушност спирулината ја подобрува способноста на телото да генерира нови крвни клетки. Важните делови на имунолошкиот систем, како што се: матичните клетки од коскената срцевина, макрофагите, Т-клетките и природните клетки убијци покажуваат зголемена активност. Цитокините и интерфероните му даваат сигнали на телото дека постои можност од појава на болест, а консумирањето на спирулина секој ден значително ги подобрува симптомите на алергија. Една студија објавена во пролет 2005 год. во Весникот за медицинска храна, посочува дека по примена на спирулина се добива значителен напредок кај пациентите со назални алергии, исто така познати како алергиски ринитис. Во оваа студија, истражувачите ја мереле количината на цитокини, интерферон и други сигнали на имунолошкиот систем кои може да се најдат во крвотокот пред и по користење на спирулина. Цитокините се молекули на имуниот систем кои праќаат сигнали за алармирање на „борците” на имунолошкиот систем да му помогнат на телото при судирот со некој патоген. Тие делуваат како авто-имунунолошки посредници. Цитокините може да бидат протеини, гликопротеини или пептиди. Во друга рандомизирана, двојно-слепа клиничка студија за спирулината, на лицата кои страдаат од алергиски ринитис им биле дадени и плацебо и дневни дози од 1000-2000 mg спирулина, дванаесет недели. Немало никакви подобрувања кај пациентите на кои им било дадено плацебо. Исто така, немало значајни подобрувања кај пациентите кои земале 1000 mg спирулина на ден. Сепак, кај пациентите кои земале 2000 mg спирулина на ден се покажало значително подобрување во нивните алергиски симптоми. spirulina Според Медицинскиот факултет во Јужна Каролина, интерфероните се друг тип на сигнали на имунолошкиот систем. Тие функционираат преку врзување за рецепторите кои се лоцирани на клеточните мембрани, испраќајќи им „црвени сигнали” на клетките. Клетките потоа одговараат на оваа порака преку активација на 20-30 гени кои создаваат анти-вирусна клеточна средина. Моќна анти-вирусна активност Во април 1996 година, голема група на научници од Лабораторијата за Вирусна Патогенеза, Дејна-Фарбер Канцер Институтот и Медицинскиот факултет -Харвард, објавиле во тек на своето истражување дека:Воден екстракт од спирулина инхибира ХИВ-1 репликација во хумани добиени Т-клеточни линии и во хумани периферни крвни мононуклеарни клетки. Концентрацијата од 5-10g/ml може да ја намали вирусната продукција Мали количества на екстрактот од спирулина ја намалуваат вирусната репликација, додека големи концентрации целосно ја запираат неговата репродукција. Важно е да се напомене дека екстрактот од спирулина не е токсичен за хуманите клетки во концентрации кои се потребни за запирање на вирусната репликација. Друга група на медицински научници од Јапонија објавиле нови студии поврзани со екстрактот на спирулина кои го нарекле Калциум Спирулан.Тој ја инхибирал репликацијата на ХИВ-1, херпес симплекс, хуманиот цитомегаловирус, инфлуенца тип А вирусот, вирусот на заушки и вирусот на мали сипаници инвитро, безбедно за човековите клетки. Калциум Спирулан e полимеризирана шеќерна молекула, специфична за спирулината. Содржи сулфур и калциум. Глувци третирани со овој растворлив екстракт имале поголема шанса за преживување кога биле инфицирани со инаку смртоносниот Херпес вирус. Како тоа фукнционира? Кога вирусот ја напаѓа клетката тој прво се прикачува за клеточната мембрана. Меѓутоа, поради присуството на екстракт од спирулина, вирусот не може да навлезе во клеточната мембрана и да се појави внатре во клетката. Тој е заглавен и нема можност да се реплицира. На крајот се елиминира со помош на природните клетки за одбрана на организмот. stentor97 Анти-канцер ефекти Неколку студии покажуваат дека β-каротенот, со кој е богата спирулината или нејзините екстракти, може да го спречи или инхибира растот на канцер-клетките кај луѓето и животните. Некои од најчестите форми на рак се смета дека се резултат на оштетената ДНК што предизвикува неконтролиран раст на клетките. Во една студија во САД, екстрактите од спирулина го намалиле растот на клетките на оралниот канцер. На канцерозните клетки бил аплициран раствор на β-каротен во устата на глувци каде бил намален бројот и големината на туморите, а некои од нив и исчезнале. Во Индија, спирулината го променува канцерот кај луѓето кои џвакаат тутун. Израелската студија пак покажала дека природниот-каротен е поефикасен од синтетичкиот. Против стареење и невропротективни ефекти Повеќе студии укажуваат дека спирулината треба да се смета како терапевтска интервенција при стареење на мозокот. Многу корисни резултати на спирулината може да бидат поврзани со активирањето на вродениот имунолошки систем, првата линија на одбрана во нашите тела. Спирулината има дејство на централниот нервен систем против оксидативниот стрес и воспаление, кои се јавуваат како последица на стареењето и да му помогне на мозокот да се регенерира по повреда или невродегенеративни промени. spirulina Детокцикација при труење со жива, лекови и хемиски загадувачи Бубрезите играат есенцијална улога во прочистување на телото од токсини. Научниците се заинтересирани за супстанции кои ќе можат да помогнат во чистење на бубрезите од токсичните несакани ефекти од труење со тешки метали или од висока доза на лекови. Во Јапонија, студии со стаорци покажале дека фикоцијанин-екстрактот од спирулината може да има корисен ефект на луѓето кои страдаат од труење со тешки метали. Фикоцијанинот го подобрува имунолошкиот систем. Истражувањата во Јапонија сугерираат дека фикоцијанинот ја зголемува лимфоцитната активност и дејство преку зајакнување на отпорноста на телото преку лимфниот систем. Фикоцијанинот може да биде активен во спречување на дегенеративни болести со зголемување на имунитетот. Здрави Lactobacillus во цревата им овозможуваат на луѓето три главни бенефиции:подобро варење и апсорпција, заштита од инфекции и стимулација на имунолошкиот систем. Спирулината дејствува како функционална храна, хранејќи ја цревната флора, lactobacillus и bifidus.Една стратегија за запирање на прогресијата на СИДА била базирана на дополнување (за да се поправи малапсорпцијата) и Lactobacillus (да се одржи соодветна интестинална флора и да се спречи појава на инфекција). Помага во заздравување на раните Луѓето користеле спирулина во облик на креми за лице и тело, како и купки за бањи за да имаат здрава и сјајна кожа. Некои фармацевтски препарати во Франција содржат спирулина со цел забрзано заздравување на раните. Пациентите ја користат спирулината во облик на суров сок, креми, масти, раствори, суспензии. Во студија се покажало дека некои козметички препарати кои содржат спирулина промовираат забрзан метаболизам на кожата и делуваат благотворно на мали лузни. Други испитувања покажуваат дека екстрактите од спирулина инхибираат раст на бактерии, квасци и габи. Други придобивки од користењето на спирулина Позната е по тоа што ја зголемува енергијата. Може да биде корисна кај дијабетичари за да ја контролира нивната желба за храна притоа резултирајќи со намалување на дозата на инсулин. Се користи и за намалување на тежината, при поленска треска, стрес, анксиозност, замор, депресија и предменструален синдром. Исто така, може да помогне при алкохолизам, артритис итн. 2-3 g спирулина на ден може да имаат големи здравствени придобивки. И покрај нејзините различни медицински намени, спирулината не е соодветна за секого. Ако имате прашања за тоа дали може да земате спирулина, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт за дополнителни насоки. Хиперсензитивност на некоја од компонентите што ги содржи спирулината. Пациентите со метаболичка состојба наречена фенилкетонурија (PKU) треба да го избегнуваат земањето на спирулина. Луѓето со оваа ретка состојба имаат генска мутација која спречува производство на ензимот кој е потребен за правилно метаболизирање на аминокиселината фенилаланин. Спирулината е богат извор на аминокиселини, вклучувајќи ја и оваа аминокиселина, што дополнително може да ја влоши состојбата кај овие пациенти. При состојба на автоимуни нарушувања, како што се лупус, мултиплекс склероза или ревматоиден артритис, не се препорачува користење на спирулина. Имунолошкиот систем при овие состојби неправилно ги напаѓа и уништува здравите клетки и ткива, а спирулината може да ја зголеми активноста на имунолошкиот систем и да ги влоши симптомите поврзани со моменталното автоимуно нарушување. Бременост и лактација Употреба на одредени лекови спирулината може да стапи во интеракција со имуносупресивни лекови, вклучувајќи метотрексат, азатиоприн и преднизон. Деца под 18 годишна возраст се препорачува прво да се консултираат со лекар. Децата се повеќе се склони кон појава на несаканите ефекти од консумирање на оваа алга. Треска Поради својата неверојатно висока содржина на протеини, еден од најчестите несакани ефекти на спирулината е мало покачување на телесната температура. Тоа не е знак на инфекција или болест, туку е резултат на метаболизам на екстра протеини во вашето тело. Како што организмот согорува протеини се испушта топлина, и како резултат на тоа може да се јави треска кај некои луѓе. Вртоглавица Кај пациенти кои веќе страдаат од анемија, може да дојде до чувство на замор, вртоглавица или глад. Чувство на жед и констипација – при земање на спирулина потребно е да се внесува повеќе течност. Најмалку половина литар треба да се внесува секојдневно за телото добро да ја апсорбира спирулината, било да е во облик на таблета, капсула или прашок. Стомачни болки Благ осип или јадеж на кожата. Ова може да биде алергиска реакција на сино-зелени алги (не се јавува често) Оштетување на црниот дроб и бубрезите, предизвикано од висока концентрација на нуклеинска киселина. Пред да ја земете целата доза на спирулина, почнете со помала доза, со што ќе видите дали сте алергични на неа или не. Запамтете, ова е морски производ, ако имате осип, оток или тешкотии во дишењето, престанете да ја користите и консултирајте се со вашиот лекар веднаш. Сепак, овие несакани ефекти на спирулината се ретки. Всушност, несаканите ефекти се повеќе веројатни при внесување на целата или поголема доза од препорачаната. Ова е причина зашто е многу важно за вас да го посетите вашиот лекар или да се консултирате со вашиот фармацевт пред да ја користите спирулината или било каков друг витамински додаток во исхраната. извор: doktori.mk

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...