Почетна / Совети за здравје / Спас во шолја чај

Спас во шолја чај

Билките не можат да ги решат сите Ваши проблеми и затоа треба да се консултирате со доктор, доколку забележите дека нешто не е во ред со Вашето здравје. Сепак, секој има домашна аптека каде што бара прва помош кога ќе почнат зимските настинки, нервоза несоница …

Еве неколку рецепти:

Болка во грлото

Можете да ја спречите доколку веќе во есента почнете да пиете секоја вечер шолја чај од мајчина душичка. Во една шолја ставете два лажици осушена мајчина душичка. Прелијте со зовриена вода, оставете да поседи три до пет минути и исцедете.

Бронхитис

Можете да го излечите бронхитисот ако направете мешавина на чај од мајчина душичка и коприва во литар вода. Овој чај треба да го пиете два до три пати дневно.

Кашлање

Ќе го ублажите и смирите кашлањето со помош на билките кои ја смируваат и омекнуваат слузокожата. Подгответе мајчина душичка, тимјан и цветови од црниот слез. Од сите овие билки земајте по 10 грама и направете чај со литар зовриена вода, а пијте две до четири шолји дневно.

Грип

Доколку ве стопирал грипот, треба да консумирате билки кои имаат антибактериско дејство. Сите знаеме дека во ваквите ситуации ќе ни помижи лукот, но можете да пробате и со чај. Два лажици мајчина душичка и исто толку чај од хајдучка трева попарете со литар жешка вода. Ова воедно ќе биде и добра превентива против настинка.

Температура

Зголемената температура ја ублажуваат билките кои имаат антибиотско својство и кои освежуваат: чај од камилица, боровинка,  чај од шипка …

Анемија

Доколку сте анемични, најдобро би било да направите чај од коприва,  ќе додате три лажици сува коприва во литар зовриена вода. По 15 минути исцедете го чајот и тоа се пие месец дена наместо вода.

Циститис

Ова заболување е често кај жените кои се во средни години и затоа не би било лошо да во домашната аптека поседувате осушената свила од пченка, лист од бреза, осушени боровинки. Од секоја билка земете по 30 грама. Ова мешавина се става во половина литар ладна вода да поседи четири часа, после тоа 5 минути да зоврие и кога ќе олади исцедете и пијте три шолји пред јадење.

Главоболка

Мигрените можете да ги намалите со облоги кои се ставаат на челото или со купки за раце и нозе. Но исто така можете да подгответе чај од:  30 грама нане, маточина и камилица и 10 грама лист од рузмарин . Сите овие состојќи да се измешаат и се зема три супени лажици и се попаруваат со 400 грама зовриена вода. Чајот се поклопува и после четири часа чајот се процедува, му се додва мед по вкус и се пие наместо вода.

Целулит

Војната со „ кората од портокал „ не почнувајте непосредно пред летување. Билки за чистењето на цревата и крвта и за зачестено мокрење ќе Ви поможат во борбата со целулит, а можете да ги користите цела зима ако ги подготвувате навреме. Потребно Ви е: свилата од пченка, мајчина душичка, чај од дршки на черешна. На места каде што имате целулит ставајте облоги од подготвениот чај  или подгответе купка од 25 грама бршлен и 25 грама росопас на литар вода. Би било добро да се консумира чај од нане и босилок.

Менопауза

Пред да почнете со лекарствата, обидете се да непријатностите на менопаузата ги олеснете со природни средства. Можно решение за Вашите проблеми е во следната напивка: една лажица латици од роза, нане и босилок, попарете ги со  литар зовриена вода и пијте секоја вечер пред спиење.

Несоница

Доколку имате проблеми со сонот, познато е благотворното делување на чајот од липа. Сепак, доколку постојано Ве прогонува чувство на страв и вознемиреност, обидете се со напивката на среќата кој ја препорачуваат познатите француски готвачи. Земете две лажици нане, цвет од липа и камилица и попарете ги со литар зовриена вода. По 15 минути исцедете го чајот и кога ќе се олади, пијте колку Ви одговара.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...