Почетна / Рецепти / Совршени кокос десерти!

Совршени кокос десерти!

Егзотичниот мирис и специфичниот благ вкус на кокосот секогаш била инспирација на домаќинките при подготовката на десертите. Ви ги предлагаме испробаните рецепти за слатки од косос, а на Вас останува да ги подготвите, испечете и да ги дегустирате во добро друштво!

Чоколадни коцки со кокос

kocki so kakao i kokos

За подготовка на овој кекс потребно Ви е׃

  • 5 јајца
  • 200 грама шеќер
  • 100 милилитри масло
  • 1 портокал
  • 300 грама брашно
  • Прашок за печиво

Глазура׃

  • 150 грама шеќер
  • 100 грама маргарин
  • 150 грама чоколадо
  • 100 милилитри млеко
  • 100 грама кокосово брашно

Подготовка׃ Изматете ги јајцата со шеќер и ванила, па додадете ја изренданата кора од портокал, брашно и прашок за печиво. Турете ја смесата во подмачканиот плех, па печете околу половина час на 180 степени. Стопете го маргаринот и чоколадото, додадете го млекото и топлете го дури не зоврие. Оладениот колач исечете го на коцки и секоја коцка потопете во жешкиот прелив. Натопените коцки со чоколадо прпелајте ги во кокосово брашно.

Кокос мафини

64593_mafini-02-foto-shutterstock_630x0

За подготовка на мафините потребно Ви е׃

  • 70 грама путер
  • 130 грама шеќер
  • 120 милилитри млеко
  • 2 јајца
  • 120 милилитри сок од портокал
  • 2 лажици нарендана кора од портокал
  • кесички прашок за печиво
  • 320 грама брашно
  • 120 грама кокосово брашно

Подготовка׃ Изматете го путерот со шеќерот, па со константно мешање додавајте ги јајцата, сокот и кората од портокал и млекото. Додадете го брашното, прашокот за печиво и кокосот. На плехот редете ги корпите за мафини од хартија и во нив ставајте ја смесата. Плехот ставете го во рерната која е претходно загреана на 180 степени и печете ги мафините 25 минути.

Каирос коцки

kolac1-700x352

Потребно Ви е׃

За прва кора – 2 јајца, 2 лажици брашно, 2 лажици кокосово брашно, 4 лажици шеќер, лажица масло

За кремот – 500 грама чоколадо, 300 милилитри масло, 250 грама шеќер, 2 ванили, малку сол, 6 јајца, 250 грама јогурт од ванила, 100 грама брашно, 250 грама кокосово брашно, прашок за печиво, 250 грама  блага павлака

Подготовка׃ Изматете ги сите состојки, па турете ја смесата во подмачканиот плех. Маслото, шеќерот, ванилата и солта матете ги со миксер додавајќи едно по едно јајце. Додадете  го јогуртот и оладеното стопено чоколадо. Брашното измешајте го со прашокот за печиво и со 200 грама кокос, па соедините го со првата смеса. Во рерната која е загреана на 180 степени печете го првиот пандишпан 10 минути, потоа додадете ја другата смеса и печете уште половина час. Наросете го останатиот кокос, а оладениот кекс сечете го на коцки.

Пинк кокос ролат

13341766591965068482

За овој ролат потребно Ви е׃

  • 3 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 2 лажици кокосово брашно
  • Ванилин шеќер
  • 100 милилитри млеко
  • 6 лажици мармелад од јаготка
  • Масло
  • Кокосово брашно за наросување

Подготовка׃ Изматете ја смесата од сите состојки, а плехот прекријте го со пек – хартија, намачкајте го со масло, наросете го кокосот, па преку тоа турете ја смесата и печете ја 10 минути на 180 степени. Кората ставете ја на навлажената крпа, премачкајте ја кората со мармелад од јаготки, наросете со кокос и виткајте ја кората во ролат. Оставете го ролатот да поседи во влажната крпа, а потоа одвојте ја крпата и сечете го ролатот.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...