Почетна / Совети за здравје / СОВЕТИ ЗА ЗДРАВ И ПОУБАВ ЖИВОТ!

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВ И ПОУБАВ ЖИВОТ!

Доколку се разбудувате уморни и нерасположени, секогаш сте под стрес и слабо спиете, еве неколку совети како да ја вратите енергијата и насмевка на Вашето лице.

  • Разбудете се полека, наместете ја бавната и смирувачка мелодија на телефонот, која лесно ќе Ве расони. Гласниот аларм го забрзува отчукувањето на срцето, а организмот почнува да лачи хормонот на стрес, кој во Вашиот организам ќе остане зголемен до неколку часа.
  • Секогаш јадете го утринскиот појадок, бидејќи кога сте гладни се чувствувате уморно и лошо сте расположени. Без оглед на тоа што работите и колку се брзате, обидете со во организмот внесете најмалку 100 калории.
  • Пијте доволно течности, пред се вода, најмалку 8 чаши дневно. Така ќе имате повеќе енергија, а кожата ќе Ви биде повеќе еластична и поздрава
  • Престојувајте секогаш на свеж воздух, бидејќи така ќе го подобрите расположението и ќе го зајакнете имунитетот. Полека дишете го свежиот воздух додека ги заливате билките или додека одите до продавница. Секогаш носете ги патиките или торбата во Вашата кола и искористете ги кога имате прилика за прошетка. Нашето тело е создадено да се движи, а не да седи, затоа движете се
  • Потрудете се да Вашиот мозок биде активен, како и телото. Крстозборите и игри за меморија се добар начин да ги вежбате Вашите умни способности.
  • Поминувајте го времето со весели луѓе. Ние несвесно ги собираме навиките од други луѓе па затоа е подобро да се дружите со позитивни и насмеани луѓе.
  • Зграпчете ја четката за коса како микрофон и запејте гласно во Вашиот дом. Студиите покажале дека пеењето го смирува пулсот, го регулира крвниот притисок и го намалува стресот. Било да сте во кола или под туш, не заборавајте да пеете.
  • Наместо купечки сокови, пијте свежо цедени сокови или чаеви.
  • Затворете ги очите и уживајте во миговите на тишина, научете да се релаксирате. Размислувајте за малите работи во животот, како што е мирисот на кајсијата во цут и уживајте.
  • Пред спиење истегнете се, опуштете ги мускулите и намалете ја напнатоста. Испејте топло млеко, прочитајте неколку страници од омилената книга и уживајте во добар ноќен сон. Осум часа спиење ќе му помогне на Вашето тело да се регенерира и да се подготви за наредниот ден.

 

Проверете и

8 работи за водата кои сигурно не ги знаевте

Во лажичка вода има толку молекули колку што има лажички вода во Атлантикот. Атлантскиот океан ...