Почетна / Здравје и исхрана / Совети за забрзување на вашиот метаболизам

Совети за забрзување на вашиот метаболизам

Метаболизмот е системот кој ги претвора намирниците кои ги консумираме во енергија. Во било кое време тој може да се забрза или успори.
Како би можеле да му сигнализираме на телото дека храната треба побрзо да се вари а со тоа и да се согоруваат мастите?

1. Консумирајте здрави масти
– темно чоколадо
– авокадо
– маслиново масло
– кокосово масло
– природен путер од кикиритки
– јаткасти плодови
– лосос
– маслинки

2. Јадете неколку мали оброци во текот на денот на секои 3-4 часа

Јадењето на мали балансирани оброци на секои 3-4 часа ќе ви овозможи регулирње на работата на дигестивниот систем и ќе ви овозможи да согорувате масти.

3. Спијте 8 часа- не лишувајте се од добар сон
Спиењето на телото му обезбедува добар перформанс во текот на денот како и нормална функција на сите органи. Недоволниот сон на телото и умор на телото му испраќа сигнали да го забави метаболизмот . Доволното спиење ќе ви помогне побрзо да ослабите.

4. Пијте 2- 3 литри вода дневно

Со пиењето на 2 литри вода метаболизмот се забрзува. По пиење на 2 чаши вода метаболизмот се забрзува  до 30% повеќе, ова темпо трае до 40 минути по пиењето вода.

5. Избегнувајте примена на рестриктивни диети

Броењето на калории може да ви помогне да направитее рестрикции во исхраната и да намалите килограми но на долг рок не е добро да се применуваат ваков тип на диети.


6. Храна која треба да ја вклучите во својата исхрана

– зелен чај
– брусница
– боровинки
– чили пиперчиња
– лубеница
– јаболка
– семиња

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...